ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП, КОЈ САМИОТ Е ЛЕКАР И ВОЛОНТИРАШЕ ВО КОВИД ЦЕНТАРОТ ВО ПРИЛЕП, ОБЈАВИ ДЕКА Е ПОЗИТИВЕН НА КОРОНА ТЕСТ
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП, КОЈ САМИОТ Е ЛЕКАР И ВОЛОНТИРАШЕ ВО КОВИД ЦЕНТАРОТ ВО ПРИЛЕП, ОБЈАВИ ДЕКА Е ПОЗИТИВЕН НА КОРОНА ТЕСТ
БРАВО - ДЕЛЕГАЦИИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА СЕ СРЕТНАА КАЈ МАРКОВА НОГА, РЕСЕН КАДЕ ТРЕБА ДА СЕ ОТВОРИ НОВ ГРАНИЧЕН ПРЕМИН
БРАВО - ДЕЛЕГАЦИИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА СЕ СРЕТНАА КАЈ МАРКОВА НОГА, РЕСЕН КАДЕ ТРЕБА ДА СЕ ОТВОРИ НОВ ГРАНИЧЕН ПРЕМИН
МИТКО ЈАНЧЕВ: АКО ВМРО ДПМНЕ НЕ МЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА КАВАДАРЦИ, САМ ЌЕ СЕ КАНДИДИРАМ КАКО НЕЗАВИСЕН И ЌЕ ПОБЕДАМ!
МИТКО ЈАНЧЕВ: АКО ВМРО ДПМНЕ НЕ МЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА КАВАДАРЦИ, САМ ЌЕ СЕ КАНДИДИРАМ КАКО НЕЗАВИСЕН И ЌЕ ПОБЕДАМ!
МИТКО ЈАНЧЕВ: ГРУЕВСКИ БЕШЕ ПОДОБАР ЕКОНОМИСТ И ИМАШЕ ПОДОБАР ЕКОНОМСКИ ТИМ ОД ЗАЕВ И ПОДОБРО ЈА УНАПРЕДУВАШЕ ЕКОНОМИЈАТА ВО ЗЕМЈАТА!
МИТКО ЈАНЧЕВ: ГРУЕВСКИ БЕШЕ ПОДОБАР ЕКОНОМИСТ И ИМАШЕ ПОДОБАР ЕКОНОМСКИ ТИМ ОД ЗАЕВ И ПОДОБРО ЈА УНАПРЕДУВАШЕ ЕКОНОМИЈАТА ВО ЗЕМЈАТА!
БОМБА НА МИТКО ЈАНЧЕВ: МИЦКОВСКИ Е НЕСПОСОБЕН ДА ВОДИ ТРАФИКА НЕ ПА ГОЛЕМА ПАРТИЈА, АКО ВИДИТЕ ТОЈ ВОДИ ВОЈНА СО ПОЛА ОПОЗИЦИЈА, ЗНАЧИ ПЛУКА ПО ПОЛА ВМРО, ЛЕВИЦА, БОКОТИРАМ, БАЧЕВ, ОН СО СИТЕ ВОДИ ВОЈНА!

СПАСОВСКИ: СВЕСНИ СМЕ ДЕКА ЌЕ ИЗГУБИМЕ ДЕЛ ГЛАСАЧИ ЗА ОВОЈ ПРОПУСТ СО МИЈАЛКОВ ИАКО МОЖЕБИ ВИНАТА Е ВО СУДОТ ИЛИ ОЈО, НО САМО НИЕ ОДИМЕ НА ИЗБОРИ, СЕПАК МНОГУ ПОЛОШО ЌЕ БЕШЕ АКО НЕ УСПЕАВМЕ ДА ГО ВРАТИМЕ ТОЛКУ БРГУ, МИСЛАМ СЕКА ШТЕТАТА Е САНИРАНА ВО ОДРЕДЕНА МЕРА!

СПАСОВСКИ БОМБАРДИРАШЕ ВО УТРИНСКИ БРИФИНГ: АКО НЕ СЕ ПРЕДАДЕШЕ, МИЈАЛКОВ ЌЕ БЕШЕ УАПСЕН ЗА 2 ДО 3 ЧАСА ЗАТОА ШТО ИМАВМЕ ЛИСТА НА МОЖНИ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ КАДЕ СЕ КРИЕ!
СПАСОВСКИ БОМБАРДИРАШЕ ВО УТРИНСКИ БРИФИНГ: АКО НЕ СЕ ПРЕДАДЕШЕ, МИЈАЛКОВ ЌЕ БЕШЕ УАПСЕН ЗА 2 ДО 3 ЧАСА ЗАТОА ШТО ИМАВМЕ ЛИСТА НА МОЖНИ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ КАДЕ СЕ КРИЕ!
СПАСОВСКИ: ТОЧНО Е ДЕКА ПРЕМИЕРОТ ОВИЕ ДВА ДЕНА БЕШЕ МНОГУ НЕРВОЗЕН И НА СОСТАНОЦИТЕ ИМАШЕ ПОВИШЕН ТОН, АМА ТОА Е И НОРМАЛНО ВО ВАКВИ МОМЕНТИ КОГА ЦЕЛАТА ЈАВНОСТ БЕШЕ ИСТО ТАКА ГНЕВНА
СПАСОВСКИ: ТОЧНО Е ДЕКА ПРЕМИЕРОТ ОВИЕ ДВА ДЕНА БЕШЕ МНОГУ НЕРВОЗЕН И НА СОСТАНОЦИТЕ ИМАШЕ ПОВИШЕН ТОН, АМА ТОА Е И НОРМАЛНО ВО ВАКВИ МОМЕНТИ КОГА ЦЕЛАТА ЈАВНОСТ БЕШЕ ИСТО ТАКА ГНЕВНА

ДЕМОКРАТИЈА НА ВМРОВСКИ НАЧИН, УШТЕ МАЛЦЕ ЌЕ ЈА НАДЕНЕА НА КОЛЕЦ ЖЕНАВА – ВМРО-ДПМНЕ ЕКСПРЕСНО ЈА РАЗРЕШИ БИТОЛСКАТА СОВЕТНИЧКА АНИТА АНГЕЛЕВСКА ОД ПАРТИСКИТЕ ФУНКЦИИ ОТИ ПОБАРА ОСТАВКА ОД МИЦКОСКИ И ВОНРЕДЕН КОНГРЕС

Освен советничката функција, Ангелевска беше и раководителка на Регионалниот изборен штаб на партијата. (Фото: СДК.МК)

Советничката во Советот на Битола Анита Ангелевска, долгогодишна членка на ВМРО-ДПМНЕ и низ годините носител на партиски функции, беше експресно разрешена откако даде изјава во која побара оставка од лидерот Христијан Мицковски и вонреден конгрес. Aнгелевска во изјавата рече дека загрижува фактот што ВМРО ДПМНЕ со сегашниот претседател Мицкоски „не може и нема капацитет да биде алтернатива за надминување на очајната и безизлезна состојба во државата“.

„Вонреден конгрес, мобилизирање на партиската структура, сојузништво со граѓаните, застапување и искрена борба за нивните интереси, единствено тоа ВМРО ДПМНЕ ќе го врати на победничката патека. ВМРО ДПМНЕ, мора да излезе од фазата на губитник и партија која нема фокус, а сега најново и партија која бојкотира избори. Секој одминат ден без вонреден конгрес, ја ослабува партијата, а слабо и дефокусирано ВМРО ДПМНЕ е само на штета на Македонија, на нејзината иднина и на штета на нејзините граѓани“, рече Ангелевска.

По нејзината изјава, од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола соопштија дека во целост се оградуваат од изјавата на Ангелевска, ја разрешуваат од сите партиски функции кои ги врши, нагласувајќи дека нема да бидат толерирани изјави и акти спротивни на Статутот и Деловникот на партијата.

„Поривот и причините за нејзината изјава, сметаме дека се кријат во неколкуте судски спорови кои се водат против истата, за што веруваме дека притисокот е голем. Сметаме дека изјавата на Ангелевска, на која во претходниот период ѝ беа доверени повеќе партиски функции како и советничката функција во Советот на Општина Битола, е водена строго од личен интерес, под големо влијание на власта, како и судско- партискиот систем на Зоран Заев“, стои во соопштението.

Освен советничката функција, Ангелевска беше и раководителка на Регионалниот изборен штаб на партијата. Таа до пред некоја година беше и прв човек на огранокот на Унијата на жени во Битола. Во минатото беше еден од најблиските соработници на ексградоначалникот Владимир Талески. Таа беше една од обвинетите во случајот „Транспортер“, па како поранешна директорка на гимназијата „Таки Даскало“ заедно со други поранешни директори на школите од градот од Основниот кривичен суд од Скопје беа осудени на условна казна од 2 години.

loading...