ЗЛАТКО МАРИН: Се радувам што населбата Лисиче, конечно, по 60 години ќе добие сосема нова и современа училишна зграда
ЗЛАТКО МАРИН: Се радувам што населбата Лисиче, конечно, по 60 години ќе добие сосема нова и современа училишна зграда
СУДОТ МУ ЗАПЛЕНИ МИЛИОНИ ЕВРА НА ГРУЈО - Да му се конфискуваат плацевите на Водно, два стана, градежно земјиште во Центар и две градежни парцели во Крушево, бара обвинителството
СУДОТ МУ ЗАПЛЕНИ МИЛИОНИ ЕВРА НА ГРУЈО - Да му се конфискуваат плацевите на Водно, два стана, градежно земјиште во Центар и две градежни парцели во Крушево, бара обвинителството
(ВИДЕО) КРАЛОТ НА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ, МОМИРОВСКИ ОД АЛФА МУ ИЗМИСЛИ СКАНДАЛ НА МАРИЧИЌ ВО ТУРЦИЈА, ОД ПРАВДА ДЕМАНТИРААТ - ЧИСТА БЕСРАМНА ЛАГА!
(ВИДЕО) КРАЛОТ НА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ, МОМИРОВСКИ ОД АЛФА МУ ИЗМИСЛИ СКАНДАЛ НА МАРИЧИЌ ВО ТУРЦИЈА, ОД ПРАВДА ДЕМАНТИРААТ - ЧИСТА БЕСРАМНА ЛАГА!
МАФИЈАТА ПРЕД КОЛАПС: Обвинителството поднесе обвинение за „Плацовите на Водно“, бара и нов притвор за Камчев
МАФИЈАТА ПРЕД КОЛАПС: Обвинителството поднесе обвинение за „Плацовите на Водно“, бара и нов притвор за Камчев
Од 69-тата седница на Владата: Се формира комитет за продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција
Од 69-тата седница на Владата: Се формира комитет за продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција
ФИЛИПЧЕ НА ДЕНОТ НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ: ДОСЕГА ТРИ ПАТИ ГИ ЗГОЛЕМИВМЕ ПЛАТИТЕ НА МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР!
ФИЛИПЧЕ НА ДЕНОТ НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ: ДОСЕГА ТРИ ПАТИ ГИ ЗГОЛЕМИВМЕ ПЛАТИТЕ НА МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР!
БЕКТЕШИ: СИТЕ ФИРМИ КОИ ЌЕ ГО ЗГОЛЕМАТ БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ ОВАА ГОДИНА МАКАР ЗА 1 ВРАБОТЕН НЕМА ДА ИМААТ ОБВРСКА ДА ГИ ВРАЌААТ ПАРИТЕ КОИ ИМ ГИ ДАВАМЕ КАКО СУБВЕНЦИЈА!
БЕКТЕШИ: СИТЕ ФИРМИ КОИ ЌЕ ГО ЗГОЛЕМАТ БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ ОВАА ГОДИНА МАКАР ЗА 1 ВРАБОТЕН НЕМА ДА ИМААТ ОБВРСКА ДА ГИ ВРАЌААТ ПАРИТЕ КОИ ИМ ГИ ДАВАМЕ КАКО СУБВЕНЦИЈА!
ВЛАДА: НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ЌЕ СЕ ЛЕГАЛИЗИРААТ ДИВОГРАДБИ ВО НАЦИОНАЛНИ ПАРКОВИ И ЗАШТИТЕНИ ПОДРАЧЈА
ВЛАДА: НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ЌЕ СЕ ЛЕГАЛИЗИРААТ ДИВОГРАДБИ ВО НАЦИОНАЛНИ ПАРКОВИ И ЗАШТИТЕНИ ПОДРАЧЈА

ДЕМОКРAТСКИ СОЈУЗ: ГО ПОДРЖУВАМЕ ПРИНЦИПИЕЛНИОТ СТАВ НА ЧЕШКА И СЛОВАЧКА

Демократскиот сојуз искажува задоволство од искрениот и принципиелниот став на Чешка и Словачка, кои спречија ЕУ директно да се вмеша во историјата и да им овозможи Бугарија да ја редефинира и обликува истата според нивните потреби, користејќи го ветото и спречувајќи Македонија да продолжи по евроинтеграцискиот пат.

Македонија многу поодамна ги исполнува критериумите за започнување на пристапните преговори за полноправно членство во Европската Унија при што долго чекаше и чека пред вратите на ЕУ, заради наводно историски прашања, името на државата, јазикот, посебноста на народот и други прашања кои ги отворија соседните држави Грција и Бугарија.

Македонија освен што направи реформи во многу области, го смени Уставот, знамето и името на државата.

Затоа Демократскиот сојуз ја повикува Европската Унија да опстои на основните принципи, да ги почитува различностите и без било какви условувања да ги отвори вратите за членство на Македонија во ЕУ.

Ние со Бугарија, сакаме да имаме добри и развиени политички и економски односи, а за отворените прашања подготвени сме да разговараме отворено, аргументирано и во пријателски дух.

Сме за отворени граници и слободно движење на капиталот, луѓето и идеите. Немаме никакви резерви и предрасуди, ние сме Македонци, зборуваме на наш автентичен Македонски јазик, тие се Бугари и зборуваат на Бугарски јазик, нашата држава е Македонија, а нивната Бугарија.

Треба сите да преземеме дел од одговорноста за демократскиот развој и просперитет на Балканот.

Непринципиелните заклучоци и блокади, можат да ја нарушат безбедноста и стабилноста на Балканот и пошироко.

loading...