ЦЕНТАР ЌЕ ИЗДАВА И ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ НАДВОР ОД ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
ЦЕНТАР ЌЕ ИЗДАВА И ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ НАДВОР ОД ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Креираме нови и добро платени работни места, две нови инвестиции во Битола до крајот на годината
Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Креираме нови и добро платени работни места, две нови инвестиции во Битола до крајот на годината
Вучиќ на 28 и 29 јули на Економски форум во Скопје
Вучиќ на 28 и 29 јули на Економски форум во Скопје
СКОПЈЕ ДОБИВА ЛЕГАЛНИ ЅИДОВИ ЗА СЛОБОДНО КОРИСТЕЊЕ НА УЛИЧНИТЕ УМЕТНИЦИ
СКОПЈЕ ДОБИВА ЛЕГАЛНИ ЅИДОВИ ЗА СЛОБОДНО КОРИСТЕЊЕ НА УЛИЧНИТЕ УМЕТНИЦИ
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на стартот на реконструкцијата на патот преку националниот парк „Галичица“: После 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на стартот на реконструкцијата на патот преку националниот парк „Галичица“: После 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид
СПАСОВСКИ: Кога ја презедовме власта одлучивме храбро да ги решавме проблемите, наместо да владееме популистички
СПАСОВСКИ: Кога ја презедовме власта одлучивме храбро да ги решавме проблемите, наместо да владееме популистички
БРАВО - Од понеделник започнува закажување вакцинација во домашни услови
БРАВО - Од понеделник започнува закажување вакцинација во домашни услови
ТРАГЕДИЈА ВО ХРВАТСКА: Десетмина загинати и 45 повредени во несреќата на косовскиот автобус кај Славонски Брод
ТРАГЕДИЈА ВО ХРВАТСКА: Десетмина загинати и 45 повредени во несреќата на косовскиот автобус кај Славонски Брод

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МИНИСТЕРОТ БУЈАР ОСМАНИ ДА ГО ПОВИКА БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР И ДА МУ ВРАЧИ ПРОТЕСТНА НОТА

Демократскиот сојуз жестоко ја осудува изјавата на потпретседателот на Владата и министер за одбрана на Република Бугарија, г. Красимир Каракачанов, дека ќе испрати инженериски полк на бугарската армија или членови на организацијата ВМРО која ја предводи, за да ги отстрани спомениците во РС Македонија на кои има табли дека станува збор за жртви на бугарскиот фашистички окупатор.

Скандалозно и непримерно е министер за одбрана на членка на НАТО во која членува и нашата држава, да дава вакви изјави насочени кон својот сосед со кој Бугарија официјално декларира дека сака да негува добрососедски и пријателски односи. Република Бугарија и РС Македонија се сојузници во НАТО алијансата во која безбедноста, мирот, добрососедската соработка се основни вредности и принципи а изјавите за испраќање воени единици ги будат мрачните духови на минатото.

Ставовите на потпретседателот на бугарската Влада, Каракачанов, како и на европратеникот од владеачката партија ГЕРБ, Андреј Ковачев, во кои се доведува во прашање прославата на 11-ти октомври, денот на востанието против фашистичкиот окупатор како услов за поддршка на официјална Софија за нашето евроинтегрирање, се навреда за македонскиот народ, кој ја извојува својата национална слобода во Втората светска војна во борбата против фашизмот.

Република Бугарија треба да се соочи со историската вистина дека во текот на Втората светска војна монархистичкиот режим на бугарскиот цар Борис бил сојузник на фашистичка Германија, го потпиша Тројниот пакт, а за возврат од фирерот Хитлер доби награда да ги окупира териториите на Вардарска Македонија, Беломорска Тракија и Егејска Македонија. Дека станува збор за окупација на територијата на денешна РС Македонија, сведочат и документи на бугарската армија и изјави на тогашниот бугарски премиер Богдан Филов, кои се јавно достапни на интернет.

Демократскиот сојуз смета дека бугарскиот народ и современата бугарска држава треба да демонстрираат дека немаат ништо заедничко со фашистичкиот режим на цар Борис. Европската унија почива врз принципите на извојуваната слобода во борбата против фашизмот и обидот да се негира фашистичката окупација и да се претстави како ослободување во најмала рака е антиевропски и антицивилизациски чин.

Демократскиот сојуз смета дека најмалку што треба да направи министерот за надворешни работи на РС Македонија, Бујар Османи, е да го повика на разговор амбасадорот на Република Бугарија во нашата држава и да му врачи протестна нота, усмена или писмена, за прекршување на дипломатските правила на однесување на високиот претставник на бугарската Влада. Очекуваме и премиерот на пријателска и сојузничка Република Бугарија, г. Бојко Борисов, да се огради од ваквите изјави на потпретседателот Каракачанов.

loading...

ANIMEFLIX animeflix hunter hunter: Watch Boruto: Naruto Next Generations (Dub) Episode 18 (https://animeflix.nl/m/WlgJ/ep-18)

AnimeHeaven watch animes: Watch Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? Episode 5 (https://animeheaven.pro/m/0rrp/ep-5)