Демократски Сојуз повика да не се потпишува протоколот, ЛДП и ДОМ се уште градат став за модифицираниот „француски предлог“

Додека Демократскиот сојуз се изјасни и повика протоколот усогласен меѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија да не се потпишува, а Павле Трајанов, лидер на партијата, којашто е дел од владејачката коалиција овој протокол го нарече контроверзен, помалите владејачки партии, Либерално демократската партија и ДОМ се уште градат став за модифицираниот фрнацуски предлог кој власта начелно го прифаќа и веќе го објави.

Од ЛДП за „Фокус“ кратко одговорија дека ќе се изјаснат деновиве, а ДОМ се уште се консултира.

-Раководството на Зелената партија ДОМ детално го разгледува последниот предлог за почеток на преговори со ЕУ. Во тек се консултации со експерти и граѓански организации, по што ќе завземеме став кој ќе го споделиме со јавноста, изјави за „Фокус“, Маја Морачанин од ДОМ.

Трајанов вели дека протоколот и овозможува на Бугарија директно да се меша во внатрешните работи на Македонија, посебно во идентитетските, историските и образовните прашања.

По првиот француски предлог кој премиерот, Димитар Ковачевски го одби во Брисел, овие три партии експресно излегоа со став дека го отфрлаат и дека ако се прифати ќе излезат од владината коалиција.

sunwin

sunwin club sunwin tải sunwin apk

tải sunwin

sun win

sunwin apk tải sunwin game bài sunwin