СТАРИОТ ПРОЛУПАЛ - МИЛЧИН: Лошо е што имаме Албанец за министер за надворешни, ако се постигне договор со Бугарија, ќе има војна во земјава меѓу Македонците и Албанците?!?!
СТАРИОТ ПРОЛУПАЛ - МИЛЧИН: Лошо е што имаме Албанец за министер за надворешни, ако се постигне договор со Бугарија, ќе има војна во земјава меѓу Македонците и Албанците?!?!
Џафери на средба со Петков: „Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе биде во интерес на регионот“
Џафери на средба со Петков: „Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе биде во интерес на регионот“
Маричиќ: Ако во Бугарија има луѓе кои се декларираат како Македонци, тоа е нивно право и никој неможе да им го ускрати
Маричиќ: Ако во Бугарија има луѓе кои се декларираат како Македонци, тоа е нивно право и никој неможе да им го ускрати
СДСМ: Мицкоски вчера се силеше а денес молк, зошто не ги постави прашањата за кои ги тераше новинарите да го прашаат Петков?
СДСМ: Мицкоски вчера се силеше а денес молк, зошто не ги постави прашањата за кои ги тераше новинарите да го прашаат Петков?
ОПШТА ПАНИКА ВО ВМРО ДПМНЕ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ДОГОВОР СО БУГАРИЈА: НА ИСТА МАСА ГИ СЕДНАА БОЦЕВСКИ, ГЕРОВСКИ И МИЛЧИН ЗА ДА ЈА БРАНАТ МАКЕДОЊА ОД КЛЕТИТЕ БУГАРИ
ОПШТА ПАНИКА ВО ВМРО ДПМНЕ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ДОГОВОР СО БУГАРИЈА: НА ИСТА МАСА ГИ СЕДНАА БОЦЕВСКИ, ГЕРОВСКИ И МИЛЧИН ЗА ДА ЈА БРАНАТ МАКЕДОЊА ОД КЛЕТИТЕ БУГАРИ
Ахмети по средбата со Петков: Македонците да знаат дека ДУИ никогаш нема да повлече потег што ќе го загрози нивниот идентитет
Ахмети по средбата со Петков: Македонците да знаат дека ДУИ никогаш нема да повлече потег што ќе го загрози нивниот идентитет
НИКОЛОВСКИ ИМ ПОРАЧА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ: Нема партиски поделби, од секој вработен барам максимален ангажман, чесна и одговорна работа, професионален однос, висок интегритет и испорака на резултати

Од четврток постудено и снег особено во северо-западниот дел на државата
Од четврток постудено и снег особено во северо-западниот дел на државата

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: Во пресрет на локалните избори, подготвивме предлог – приоритети за развој на општините. При тоа, ги повикуваме граѓаните, експертите, невладините организации и медиумите со свои забелешки, сугестии, идеи, но и конкретни проекти, да се вклучат во нивна разработка и проширување

На денешната прес-конференција (19 јули 2021) на ДС, Павле Трајанов ги презентираше приоритетите за развој на општините.

Овие приоритети се основа за подготовка на изборните програми на Демократскиот сојуз за Град Скопје и за општините во Македонија.

Врвни приоритети на Демократскиот сојуз:

– Заштита на стратешките државни и национални интереси, а пред сѐ, интересите на граѓаните на централно и локално ниво.

– Заштита на основните човекови права и слободи и залагање за поквалитетен и подобар живот на сите граѓани.

– Натамошна децентрализација на власта, пренесување надлежности на општините, нивно финансиско зајакнување и осамостојување, како главни предуслови за економски развој.

Во функција на нивна реализација, Демократскиот сојуз предлага:

1. Во рок од шест месеци да се донесат генерални и детални урбанистички планови на цела територија на државата, со кои ќе се предвидат повеќе локации за градба согласно потребите на граѓаните, но и согласно урбанистичките, еколошките и безбедносните стандарди. Социјално загрозените семејства да бидат ослободени од плаќање комунална такса.

2. Создавање услови за развој на приватни бизниси, привлекување домашни и странски инвестиции, поддршка на земјоделството, развој на обновливи извори на енергија и гасификација.

3. Обезбедување квалитетна здравствена заштита за сите, а особено за лицата кои живеат во руралните средини, чиста вода за пиење и решавање на комуналните и инфраструктурните потреби на граѓаните.

4. Робусна борба против урбаната и комуналната мафија која остварува огромни профити од нелегално складирање опасен отпад, како и бескомпромисна борба против загадувачите на воздухот.

5. Чиста животна средина, здрав воздух и здрава храна, достапност на лекови за сите социјални категории граѓани, поголема грижа за повозрасните, за лицата со посебни потреби и социјалните случаи.

6. Конкретни решенија за намалување на сообраќајниот метеж во урбаните средини, преку изградба на паркинзи, катни гаражи, надвозници и клучки на крстосниците, воведување ред во работата на угостителските објекти и гласната музика, давање субвенции за автомобили на електричен погон, зголемување на зелените површини и конкретни планови за намалување на ризиците од елементарни непогоди и природни или вештачки несреќи или кризи.

7. Поефикасно справување со последиците од пандемијата и негативните импликации врз економијата, стандардот на граѓаните и финансиска поддршка на компаниите кои трпат последици од пандемијата.

8. Формирање урбана полиција која, меѓу другото, ќе спречува дивоградби, загадување, вандализација на парковите и игралиштата и сл.

9. Намалување на бројот на советници во поголемите општини. Рационализација на општинската администрација, намалување на бројот на административните работници во локалните јавни претпријатија, за сметка на финансиска поддршка на занаетчии и професионалци во овие претпријатија и комуналните служби.

10. Поголема вклученост на граѓаните во донесувањето одлуки на општинско ниво, преку организирање задолжителни референдуми за сите поважни прашања што го засегаат менувањето на урбаниот лик на градовите и општините, ја загрозуваат животната средина и еколошката рамнотежа и секојдневното живеење на граѓаните.

11. Демократскиот сојуз ќе обезбеди целосна транспарентност на приходите и расходите на општината, при што јавните набавки ќе ги контролира граѓанско тело составено од претставници на невладиниот сектор, медиумите и професионалци/експерти од различни области.

12. Демократскиот сојуз ќе соработува со европските демократски партии и партиите од центарот, при што врвен приоритет ќе биде полноправно членство на Македонија во Европската Унија.

Човекот и неговите права и потреби се во центарот на сите активности на Демократскиот сојуз.“

Демократскиот сојуз останува отворен за соработка и со други политички партии, невладини организации и експерти.

За Демократскиот сојуз добредојдени се сите нови предлози, сугестии и конкретни проекти, кои во секое време можат да се достават на [email protected]

Ви благодариме на соработката.

loading...

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

4Anime Death Note

anime website Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time

Attack on Titan Season 3 Part 2 Episode 6

DON'T TOY WITH ME, MISS NAGATORO Episode 8

stream anime online My Hero Academia Season 5