Почитувани,
Ве известуваме дека ќе се одржи промоција на книгата „Помеѓу поделено и едно општество (Македонски рефлексии)“, од авторите д-р Рубин Земон, д-р Петар Атанасов, д-р Сефер Тахири, д-р Мустафа Ибраими и д-р Ана Чупеска (која воедно е и уредничка на изданието), денес (14.12.2021), со почеток од 18 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност. Книгата е во издание на издавачката куќа „Авант прес“ од Скопје.
Книгата претставува научна хрестоматија посветена на мултикутурализмот, интеркултурализмот и современите предизвици рефлективни на македонските состојби, каде се изнесени различни мислења и тези, во намера да се облагороди како научната, така и популарната дебата поврзана со предизвивите на мултуклтуралноста. Во книгата се научно обработени предизвиците и достигнувањата на концептот Едно општество.
Промотори на книгата ќе бидат Претседателот на Република Северна Македонија, проф.д-р Стево Пендаровски, д-р Марина Тунева, и м-р Башким Бакиу.