Турнирот беше помогнат од градоначалникот Филип Темелковски и претседателот на советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ. Судија на турнирот беше Интернационалниот мајстор Дејан Стојановски.
Првото место, сосема заслужено и убедливо го освои Бојана Бејатовиќ од ШК Кисела Вода. Второто место го освои Габриела Коскоска од ШК Алкалоид, а третото место и припадна на Инџи Ајрадиноска од ШК Гамбит.
Честитки за наградените и за сите учесници и во иднина да имаме се повеќе вакви турнири.