Ковачевски на средба со коалициските партнери за францускиот предлог
Ковачевски на средба со коалициските партнери за францускиот предлог
РОКАДА ВО БУГАРСКАТА ВЛАДА: НАМЕСТО ПЕТКОВ, АСЕН ВАСИЛЕВ ЌЕ БИДЕ НОВ ПРЕМИЕР, ПЕТКОВ ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ
РОКАДА ВО БУГАРСКАТА ВЛАДА: НАМЕСТО ПЕТКОВ, АСЕН ВАСИЛЕВ ЌЕ БИДЕ НОВ ПРЕМИЕР, ПЕТКОВ ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ
Борисов: Да го финализираме францускиот предлог за Северна Македонија
Борисов: Да го финализираме францускиот предлог за Северна Македонија
Францускиот предлог денеска ќе биде објавен на веб страницата на Владата
Францускиот предлог денеска ќе биде објавен на веб страницата на Владата
Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа

ДЕНКО МАЛЕСКИ: ПУТИН ГЛУМИ ДЕКА Е ЛУД И УПАТУВА СТРАШНИ ЗАКАНИ ЗА УПОТРЕБА НА НУКЛЕАРКИ ЗА ДА ГО ИСПЛАШИ ЗАПАДОТ, ТОА Е СТАРА ФИНТА ОД СТУДЕНАТА ВОЈНА, ПРВ ЈА ПРИМЕНИЛ РИЧАРД НИКСОН ВО ВОЈНАТА ПРОТИВ ВИЕТНАМ

Во текот на претседателската кампања 1968 година, Ричард Никсон ја употребува фразата „Теорија на лудакот“. Се работи за закана од употреба на нуклеарно оружје во решавање на конфликт. Никсон го сметаше Никита Хрушчов за мајстор на тој занет со честите закани , па и самиот посака да ја примени во војната во Виетнам. „Јас тоа го нарекувам Теорија на лудакот, Боб. Сакам Северен Виетнам да верува дека сум стасал до точката во која сум спремен да сторам било што за да ја запрам војната.Едноставно ќе пуштиме гласини: Господ да ни е на помош, знаете дека Никсон е опседнат со комунизмот. Не можеме да го зауздаме кога е лут – а неговата рака е на нуклеарното копче“, пишува Боб Халдеман во книгата „Целите на моќта“. Идејата е да му се заканиш на непријателот со употреба на екстремна и прекумерна сила која нормални луѓе ја сметаат за диспропорционална со темата на спорот и која е бесмислено опасна затоа што се ризикува поширок конфликт кој ќе ги загрози виталните интереси и безбедноста на заканувачот. Идејата е непријателите да помислат дека противникот е навистина луд, па според тоа способен за ирационални и непредвидливи дејствија.

Раководен токму од оваа „теорија“ американскиот претседател Бајден ладнокрвно одговара на заканите на Путин и на оние околу него дека треба да престанат со „неостварливи коментари“ за употреба на нуклеарно оружје. Неостварливи?Да се надеваме дека за некој кој поседува 2000 тактички боеви глави ова е само тактичка закана. Меѓутоа, развојот на настаните после руската агресија на Украина покажуваат дека светот не се оддалечува од светска нуклеарна конфронтација, туку се доближува. Кубанската ракетна криза траеше 13 дена додека војната во Украина влегува во третиот месец. Дотурот на Западно оружје и неговата ефикасност во справувањето со руското конвенционално оружје, како што се тенковите и авионите, секојневно ги доближува двете страни до директен судир. Но, за разлика од почетокот на инвазијата, денес улогите се променети. На почетокот Путин се закани со страшен одговор доколку Западот интервенира воено ставајќи го пред опцијата – нуклеарна војна. Западот одговори дека нема да интервенира со трупи но дека сесрдно ќе ја помогне Украина да се одбрани од агресијата. Значи, сега е на Путин да донесе одлука за почеток на Трета светска војна ако му пречи силната воена поддршка на Америка на Украина. Според „Теоријата на лудакот“ таа не би требало да се случи освен во еден случај: ако Путин е навистина луд. Играта на нерви продолжува.

Денко Малески

loading...

https://tai.go88.is/

sunwin mới sunwin hop bảng tài xỉu sunwin