На гости ја победија Ерменија со 5-0, директен конкурент за второто место во групата.
Македонците сега имаат 15 бода, шест помалку од Германија која го обезбеди првото место, два повеќе од Романија која има натпревар помалку и три од Ерменија која сега нема шанси за пласман. Романија подоцна игра против Исланд, а во последното коло против Лихтенштајн и се уште е во најдобра ситуација да помине. Македонците треба да чекаат Романците да кикснат и да ги победи Исланѓаните во последното коло на домашен терен.
Барди постигна три гола во Ерменија за Македонија, а Трајковски и Ристовски додадоа по еден.