(ФОТО) Изгаснат пожар на Водно, Град Скопје апелира на внимателност
(ФОТО) Изгаснат пожар на Водно, Град Скопје апелира на внимателност
СДСМ ОБЈАВИ УШТЕ 5 КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ
СДСМ ОБЈАВИ УШТЕ 5 КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ
Мицковски доживеал мала сообраќајна незгода пред Прилеп, не е повреден и се чувствува добро
Мицковски доживеал мала сообраќајна незгода пред Прилеп, не е повреден и се чувствува добро
ОБСЕ-ОДИХР: Еден отсто за независни листи е во согласност со добрите меѓународни практики
ОБСЕ-ОДИХР: Еден отсто за независни листи е во согласност со добрите меѓународни практики
Царовска: Со вработување на 500 образовни асистенти се грижиме и создаваме образование за секое дете
Царовска: Со вработување на 500 образовни асистенти се грижиме и создаваме образование за секое дете
Груби: Оваа коалиција рушеше табуа и во 2002 година
Груби: Оваа коалиција рушеше табуа и во 2002 година
(ВИДЕО) ГРАДОТ СКОПЈЕ ЈА ПОЧНА ТРЕТАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ИНДИРА ГАНДИ ВО ШУТО ОРИЗАРИ
(ВИДЕО) ГРАДОТ СКОПЈЕ ЈА ПОЧНА ТРЕТАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ИНДИРА ГАНДИ ВО ШУТО ОРИЗАРИ
БРАВО МВР - Одземени 14 возила од „диви“ тркачи од Тетово и од странство
БРАВО МВР - Одземени 14 возила од „диви“ тркачи од Тетово и од странство

Дескоска за оценките во Извештајот на ЕК: Многу сум задоволна од сработеното!

Многу сум задоволна што Европската комисија ја препозна волјата на домашните институции, како и напорите за остварените реформи во правосудството, изјави за Слободен печат поранешната министерка за правда Рената Дескоска, во чиј мандат се спроведуваа најголемиот дел од реформите во делот на правосудството, а кои се најдоа во последниот Извештај на Европската комисија за напредок на земјава.

– Драго ми е што секоја реформа што ја имаме покренато е оценета со позитивно мислење од страна на Комисијата, особено исполнетите препораки од страна на Венецијанската комисија и активната соработка со меѓународната заедница. Тоа што го направивме сега добива валоризација. Добивањето на еден ваков фидбек навистина стимулира. Можеме да бидеме задоволни од оценките во Извештајот и тоа ни дава дополнителен кредибилитет во однос на отпочнувањето преговори за членство во Европската унија, истакна професорката Дескоска.

На прашањето кои се клучните предизвици кои претстојат таа одговори дека сепак во Извештајот се напоменува дека Европската комисија очекува конзистентност при имплементацијата на законите, како што е Изборниот законик и имплементираните препораки од ОБСЕ/ОДИХР.

– Ја поздравуваат имплементацијата на препораките, но очекуваат конзистентност при нивното почитување. Воедно, даваат и мислење за Законот за јазици, особено во делот на негово спроведување во правосудството, а тоа е прашање што претстои да биде актуелно, особено во период кога во подготовка се закони за кривична и парнична постапка, заклучува Дескоска.

Инаку, во Извештајот беа поздравени новиот Закон за јавно обвинителство и ревидираниот Закон за Совет за јавни обвинители, додавајќи дека има добар напредок во спроведувањето на стратегијата за реформи во судството, притоа имајќи ги предвид „Итните реформски приоритети“ и препораките од Венецијанската комисија и Групата високи експерти за системски прашања за владеење на правото.

– Сè уште се потребни напори за да се обезбеди систематско спроведување на ажурираниот акциски план на стратегијата за реформи во судството. Судските институции спроведуваат нови правила за именување, унапредување, дисциплина и разрешување на судии, а Судскиот совет попроактивно ја извршува својата улога. Како резултат на нејзините реформски напори во последниве години, Северна Македонија воспостави механизми за обезбедување независност и одговорност на судството, како што се правила за назначувања врз основа на заслуги, проверка на имотот и судир на интереси и дисциплински постапки. Треба да обезбеди нивна решителна и доследна употреба пред да се предвидат понатамошни промени во оваа област, се вели во Извештајот на ЕК.

Во него се додава дека ефективното спроведување на законската рамка, како и зголемените напори на сите чинители да дадат позитивен пример ќе придонесе за зголемување на довербата на јавноста во судството.

loading...

ANIMEFLIX i want to eat your pancreas animeflix: Fire Force Season 2 Episode 24

AnimeFreak free anime: JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable (Dub) Episode 39