Лудачкото возење низ Скопје зема нов данок во крв.
Порталот А1он јавува за страшна сообраќајка кај Сити Мол каде џип прегазил девојка на пешачки премин.
Линк до сторијата на А1он.
МВР изминатите месеци презеде силни контроли во обид да ги намали несреќите но дел од Скопјани и понатаму возат како лудаци, особено помладите генерации кои така се докажуваат како опасни фраери.
Дел вината ја имаат и филмовите како FAST AND FURIOS каде младите се учат дека е секси и фраерски да се вози брзо и неодговорно, но во основа така се загрозуваат животите на сите и на возачите кои возат лудо и на пешаците и на сите учесници во сообраќајот.
Дел од младите дури се сликаат на социјалните мрежи како ТИК ТОК каде брзото возење се прикажува со видеа како голем подвиг.
Моженби треба да се крене границата на давање дозвола на 30 години за човек кога ќе има развиен зрел мозок да може да управува со кола…