Xhabir Deralla
Драгана Велковска е лик кој седи на повеќе фотелји во политиката истовремено, а под себе прибира и повеќе столчиња во граѓанското општество. Искрено, не би ја спомнувал, но мислам дека не треба да ја премолчам нејзината прозивка и дрските лаги. Во дискусијата каде што заслужено ја прават лом за нејзиното однесување, без ни малку срам излажа и ми го спомна името на крајно манипулативен начин.
Таа намерно ги изврти фактите за настаните поврзани со снимање на полициски службеници. Со манипулативната прозивка се обиде да ја пренасочи дискусијата за нејзиното, благо речено, недолично однесување кое, патем, само наликува на активизам, а се работи за злоупотреба на политичката функција со цел да одбрани лични интереси.
Ѝ порачувам на лево-десната госпоџа со повеќе политички и НВО фотелји под себе, да прочита барем неколку параграфи и страници за човековите права, судирот на интереси и корупцијата. Има и онлајн ресурси на платформата на ЦИВИЛ. Ако ништо друго, тоа ќе ѝ помогне да не изгледа толку лошо во очите на јавноста. Лично не верувам дека тоа ќе ѝ помогне да ги подобри своите морално-политички квалитети, иако често велам дека за секого има надеж. Или, речиси за секого…
Очекувам да се извини. Колку и да е безначајна, сепак, не е анонимен трол (или можеби е?) на социјалните мрежи, туку е функционерка (нека е и никаква) што ја плаќаат граѓанките и граѓаните на Скопје.
Како што напишав и претходно:
Скрибоманијата и пишувањето не се иста работа. Првото е пореметување, второто е позив и одговорност.
Истото се однесува и на разликите меѓу хистеријата и активизмот.