КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути
На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути
Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра
И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните
И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните
Петар Колев: Доколку Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија ќе биде целосно изолирана
Петар Колев: Доколку Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија ќе биде целосно изолирана
Министерството за надворешни работи со осуда на говорот на омраза во Народното собрание на Бугарија
Министерството за надворешни работи со осуда на говорот на омраза во Народното собрание на Бугарија
Скопје и Софија ги поставија „црвените линии“ за старт на преговорите, на потег сега е Париз
Скопје и Софија ги поставија „црвените линии“ за старт на преговорите, на потег сега е Париз

ЏАБИР ДЕРАЛА: Мицкоски не може да биде како Заев, одамна ги прокоцка сите шанси

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Гледам, деновиве во интернет медиумите и на социјалните мрежи, се одвива жива дебата со прашања за моралот, доследноста, интегритетот на… хм… политичарите. Се направија безброј компарации, анализи, прогнози и што-ќе-беше-да-беше… Се разбира, сето тоа придружено со бескрајниот шум на пропагандата за која слушаме дека била платена со вртоглави суми. Но тоа е нешто налик на белата врева (white noise) на која се навикнува човек, па дури може да му помогне и да заспие полесно (црн хумор).

Луѓето често бараат доблести таму каде што ги нема
Деновиве, прочитав и неколку одлични твитови, меѓу кои еден и од профилот „Вивиана“ кој го пренесоа повеќе портали. Еве го мојот скромен придонес кон оваа дебата околу интегритетот и моралот на некои политичари. И да не се лажеме, држам до тоа што го напишав веднаш по оставката на Зоран Заев, нека е тоа оценето од моите пријатели и како импулсивна реакција.

Луѓето често ги бараат доблестите таму каде што ги нема. Така и во овој случај. Прашањето е дали Мицкоски ќе ја има доблеста и моралната големина да даде оставка од партиската функција ако не успее да формира парламентарно мнозинство, со што ќе му се отвори можноста да формира влада. И се споредува со постапката на Зоран Заев.

Заев – Мицкоски: Непристојна споредба
Споредбата, дозволете да бидам директен, е лоша, би рекол, дури и апсурдна. Се работи за две спротивни сфаќања за тоа што е политика. Од едната страна се наоѓа деструкција и гола борба за власт, неугаслива жед за власт од лични и ниски побуди и мотиви. Од другата страна е сѐ друго, само не тоа (да не влегуваме во посебни описи и дефиниции, да не се возбудат Твитер „мудреците“).

Едноставно, неоправдано, па и непристојно и навредливо (кон Заев) е да се очекува од Мицкоски да покаже таков морал и интегритет, да понесе одговорност, па дури и да претера во тоа, како што премиерот во оставка го направи тоа. И тоа не еднаш.

Со спуштени панталони покрај шините
Ми текнува, кога во парламентот се гласаше за НАТО, Мицкоски не ја напушти пленарната сала во парламентот, но и не аплаудираше. Наместо тоа, се занимаваше со панталоните, му беа малку паднати, па ги поткрена неколку пати додека траеше аплаузот.

Така отприлика може да се опише сѐ што прави во политиката. Расипува и блокира колку што може, а кога брзиот воз на националните интереси го „шишнува“ со полна брзина, тој останува, со кренат нос и спуштени панталони покрај шините.

Политичар од подрумот на историјата
И сега, по некои десетина јавно искажани „гаранции“ дека е на прагот на формирање парламентарно мнозинство, тој можеби е најблиску до тоа, но ситуацијата не е ни оддалеку толку убедлива како што се чини на прв поглед. И нема зошто да се очекува дека ќе даде оставка ако не му успее ниту овој, 10-ти, 12-ти, не знам кој по ред, обид да ја залаже јавноста, а веројатно и себеси, дека е чекор поблиску до власта. Навистина, не треба ни да се бара, а уште помалку да се очекува од него да покаже морал.

Мицкоски, ни по толку изборни порази, катастрофални политички потези и неуспеси, цитиран во меѓународни извештаи како извор на дезинформации, политичар од подрумот на историјата, не даде оставка, а ниту еднаш и не покажа дека има таква намера. Ако сега даде оставка, дали тоа ќе го направи подоблесен во очите на јавноста? Не. Тој безброј пати ја пропушти можноста да покаже доблест и морал. Нема потреба сега да го менува курсот. Освен ако не сака да добие комплименти дека постапил морално со тоа што го следел примерот на Зоран Заев. Што би било крајно погрешна споредба.

И онака неговите приказни за мали деца не траат подолго од еден ден, а многу често и само по неколку минути. Доволно е среќен што живее во време кога се носеа историски одлуки, а тој ѕиркаше од својот подрум со чкртање на забите.

ИЗВОР: ФРОНТЛАЈН

loading...