Џафери до Мицевски кој жестоко го нападна во образложението за интерпелацијата: Имам култура, нема да се спуштам на ваше ниво и на ниво на Мицкоски

Собранието на Република Северна Македонија ја почна 77. пленарна седница со единствена точка на дневниот ред Интерпелација за работата на претседателот на Парламентот Талат Џафери, поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. За дневниот ред гласаа „за“ 82 пратеници. За збор се пријавени 41 пратеник.

Пред гласањето на дневниот ред, претседателот на Собранието го образложи текот на седницата посочувајќи дека претресот ќе трае цел ден односно дека пред полноќ треба да се гласа по интерпелацијата или по исцрпување на пријавените пратеници за збор. Џафери рече дека има пријавено голем број пратеници и дека очекува седницата да трае до полноќ. Имајќи предвид дека интерпелацијата е за него, за да може да ја следи дебатата седницата со седницата ќе претседава потпретседателот Горан Мисовски. Тој исто така кажа дека денеска му било доставено писмото за тоа кој ќе ја образложи интерпелацијата иако првопотпишаниот на документот е пријавен да зборува како 27-ми. Листата со пратеници од опозиоциската ВМРО-ДПМНЕ кои ќе зборуваат, како што рече Џафери, му била доставена денеска.

Согласно член 49 став 1 од Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до полноќ. Претседателот на Собранието Џафери на седницата има право да го образложи својот писмен одговор или да даде устен одговор на поставената интерпелација.

Поднесената интерпелација ја образложува координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Да се погледнеме во огледало сите и да се преиспитаме сите кога ќе се спорат фактите и аргументите. Колега таков ти беше настапот, упатен кон мене лично и мора таков одговор да добиете, истакна собранискиот спикер Талат Џафери на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

„Вие месец дена нема кој епитет не ми го споделивте. Ако мислите на такво ниво да се спуштиме, јас на ваше ниво нема да се спуштам. Јавноста очекува од мене и да продолжите да навредувате на лична основа и нема да се спуштам на ниво да навредувам на лична основа како Христијан Мицкоски. Јас му овозможив како претседател на опозиција да седи на пленарно место, што се случува за првпат во истаријата“ ,вели Џафери.

game bài sunwin tải sunwin sunwin web

sunwin

sun win

tải sunwin tải sunwin apk sunwin tài xỉu

sun win