ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат

ЏАФЕРИ: 2021-ва ќе ја паметам по тоа што по втор пат станав дедо а во новата година ќе ја пуштиме новата целосно дигитализирана пленарна сала каде ќе се избере новата влада

Од мандатарот и иден премиер Димитар Ковачевски, Џафери очекува коректна комуникација како досега додека тој беше заменик-министер за финансии, но сега, вели, во рамки на надлежностите како претседател на Влада
Претседателот на Собранието во интервјуто одговара и по што ќе ја памети 2021. На личен план, вели, по раѓањето на второто внуче, а на професионален по посетата на Парламентот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ)

Пленарната сала на Собранието е опремена со нова технологија и е целосно дигитализирана. Тој систем ќе биде промовиран по Нова година и се надевам дека изборот на нова влада ќе се одржи во пленарната сала, а не во салата Купола, вели во интервју за МИА претседателот на Собранието Талат Џафери.

„Штотуку се завршени работите во пленарната сала за нејзино опремување со техничка опрема. Таа е сега завршена. По празниците треба да следи фаза на тестирање на системот, којшто треба да дава материјал за е-Парламент и за веб-страницата. Така што, целосно тој систем ќе биде пуштен и промовиран по Нова година и се надевам дека изборот на нова влада ќе биде долу во пленарната сала и со новата опрема со која е сè дигитализирано. Значи постапките се дигитализирани, начинот на гласање и апсолутно комплетно материјалите ќе одат електронски. Тоа ќе зависи сега од тестирањето што ќе покаже, сепак, нов систем е. Треба сите да се вклопиме, првичните сознанија за функционирањето да ги имаме сите за да може целосно да се префрлиме на работа со новата технологија“, вели Џафери.

Собранието за време на пандемијата седниците ги одржуваше во Големата сала Купола, поради просторните услови кои ги нуди со цел запазување на мерките и протоколите за заштита од коронавирусот, а пребројувањето при гласање се одвиваше рачно бидејќи во неа нема инсталирано систем за гласање.

Што очекува од Ковачевски како иден премиер

Од мандатарот и иден премиер Димитар Ковачевски, Џафери очекува коректна комуникација како досега додека тој беше заменик-министер за финансии, но сега, вели, во рамки на надлежностите како претседател на Влада.

„Надлежностите ни се пропишани со Устав и со Закон. Според Деловникот, претседателот на Собранието ги координира релациите помеѓу властите и секако дека во тој дел, неспорно е дека и претходно како заменик-министер, како дел од Владата сме имале соодветна комуникација, коректна и се надевам дека тоа така и ќе остане и нема причина да не биде така. Во контекст на надлежноста како претседател на Влада којашто произлегува од Законот за Влада, од Уставот, и од Деловникот, тој однос не би требало да има друга димензија во смисла на она што било релацијата досега освен што ги спојува надлежностите во смисла на меѓусебна комуникација. Јас мислам дека нема да има проблем во таа комуникација, ниту од негова, ниту од моја страна, затоа што нема причина тоа да не биде така“, вели Џафери.

Полесно ќе се обезбедува кворум со новото мнозинство

Во однос на тоа дали зголеменото парламентарно мнозинство ќе придонесе за поголема ефикасност на Парламентот, спикерот нагласува дека Собранието е сочинето од 120 пратеници, без оглед дали се мнозинство или опозиција, и одговорноста е на сите, но додава, ќе биде полесно да се организира работата на Парламентот од аспект на обезбедување кворум.

„Мнозинството е одговорно да организира и да биде на работа во смисла на она што е процесот на работа на пленарна седница. Опозицијата не може да одбегне дел од одговорноста по однос на работата на пленарните седници, затоа што сите ние сме избрани од граѓаните и овде сме 120 пратеници. Несогласувањата со определени предлози од мнозинството, опозицијата треба да ги искаже на пленарна седница или на комисија, а мора да се има предвидливост на почетокот и крајот на она што е законодавен процес. Одговорноста на мнозинството е во моментот кога се одлучува за определени прашања да обезбеди кворум. Секако ова мнозинство сега со 64 пратеници наспроти претходното, во секој случај дава можност да се има простор евентуално, ако некој од пратениците не е во состојба да присуствува во Собранието во момент на одлучување, да се има простор за планирање на работите“,нагласува Џафери.

Претседателот на Собранието во интервјуто одговара и по што ќе ја памети 2021. На личен план, вели, по раѓањето на второто внуче, а на професионален по посетата на Парламентот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

„На личен план ќе ја паметам по добивањето на новиот член во семејството – внука од синот. Второ внуче, по внукот од ќерката. На професионален план 2021 беше динамична година, со многу настани, но би ја издвоил првата официјална посета на Претседател на Собранието на Парламентот на ОАЕ. Се надевам дека во оваа година ќе нè напушти пандемијата на короната. Ја следиме стручната фела и секако еден период ќе се соочиме со овој проблем, и, треба да сме внимателни. За жал, и покрај вакцинацијата, новите соеви се отпорни на вакцината и создаваат дополнителни проблеми и во тој контекст треба сите да сме внимателни“, вели Џафери.

loading...

anime websites. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

animefreaktv The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement

dubbed anime SK8 the Infinity

My Hero Academia (Dub) Episode 8

animefreaks website Record of Ragnarok

Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub) Episode 25