(ВИДЕО) КАМПАЊА НА МВР И РБСП: Безбедноста на пешаците на прво место, значително намален бројот на жртви на патиштата
(ВИДЕО) КАМПАЊА НА МВР И РБСП: Безбедноста на пешаците на прво место, значително намален бројот на жртви на патиштата
Грковска: Законот за потекло на имот ќе се донесува внимателно
Грковска: Законот за потекло на имот ќе се донесува внимателно
УЖАС, СО ВАКВИ ПРОТЕСТИ ПАК СЕ КРЕВА ЖЕЛЕЗНАТА ЗАВЕСА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА - Бугарското ВМРО организираше протест против кревање на ветото: Демонстрантите скандираа „Македонија е бугарска“
УЖАС, СО ВАКВИ ПРОТЕСТИ ПАК СЕ КРЕВА ЖЕЛЕЗНАТА ЗАВЕСА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА - Бугарското ВМРО организираше протест против кревање на ветото: Демонстрантите скандираа „Македонија е бугарска“
Приведен крадец во Штип, одземеното вратено на сопственикот, Претрес во скопско, приведено едно лице
Приведен крадец во Штип, одземеното вратено на сопственикот, Претрес во скопско, приведено едно лице
Бесими: Ребаланс за заздравување на економијата и поддршка на граѓаните и стопанството
Бесими: Ребаланс за заздравување на економијата и поддршка на граѓаните и стопанството
Зеленски: Војната со Русија ќе биде крвава, но ќе заврши на преговарачка маса
Зеленски: Војната со Русија ќе биде крвава, но ќе заврши на преговарачка маса
БОМБА НА КАЕВСКИ: Груевски откри нови работи, дали градоначалникот со кој контактира е Арсовска?
БОМБА НА КАЕВСКИ: Груевски откри нови работи, дали градоначалникот со кој контактира е Арсовска?
ФЕРО ИНВЕСТ ВО СООПШТЕНИЕ ВЕЛИ ДЕКА НЕМААТ НИКАКВА ПОВРЗАНОСТ СО ФОТОНАПОНСКАТА ЦЕНТРАЛАТА ВО ОСЛОМЕЈ, ВЕЛАТ ДЕКА ИРЛ ГИ КЛЕВЕТИ БЕЗ ДОКАЗИ, ОД РЕДАКЦИЈАТА НА ИРЛ ТВРДАТ ПОИНАКУ, ОБЈАВУВААТ И ДОКУМЕНТИ ЗА КОИ ВЕЛАТ ДЕКА СЕ ДОКАЗИ ДЕКА ФЕРО ИНВЕСТ СЕ ПОВРЗАНИ СО ЦЕНТРАЛАТА

Џафери на средба со Петков: „Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе биде во интерес на регионот“

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, оствари средба бугарскиот премиер Кирил Петков.

Џафери изрази особено задоволство од денешната средба која е меѓу првите во надворешно – политичка агенда на премиерот на Република Бугарија, со што се покажува отвореност и спремност за внесување на нови, свежи текови во политиката кон соседните земји. Тој ги нагласи напорите на Република Северна Македонија за градење на добрососедски односи и регионална соработка со сите земји во регионот и пошироко, при што подвлече дека за нашата земја е од суштинско значење подобрувањето на билатералните односи со Бугарија.

Џафери искажа уверување дека потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји од 2017 година претставува значаен напредок во историјата на односите на двете држави и со тоа се потврдува заложбата за меѓусебно почитување и разбирање. Тој претставува добра основа за унапредување на соработката меѓу двете земји и изрази очекување соработката во иднина уште повеќе да се зајакнува и унапредува.

Во однос на меѓусебната парламентарна соработка, претседателот на Собранието искажа дека е потребно таа соработка да продолжи и да се динамизира преку повеќе контакти, како на највисоко ниво така и преку соработка на ниво на парламентарните работни тела и пратеничките групи за соработка. Во иднина, мора да се посвети поголемо внимание и интерес на подоброто инфраструктурно поврзување меѓу двете земји преку Коридорот 8 и тоа пред сé, на патното, железничкото, енергетското и дигиталното поврзување, што ќе овозможи унапредување на бизнис соработката меѓу двете земји и поголема размена на луѓе, стоки и услуги за кои постои огромен потенцијал. Коридорот 8 ќе го поврзе Црното со Јадранското море, со што ќе се надмине регионалниот контекст и ќе се овозможи поголемо влијание на регионот на светско ниво.

Во однос на отпочнувањето на преговорите за членство во Европската унија, односно одржувањето на првата меѓувладина конференција, Џафери истакна дека тоа е од исклучително значење за земјата и според него, членството на Република Северна Македонија ќе биде во интерес на сите земји од балканскиот регион, особено за Бугарија.

Петков искажа големо задоволство од посетата и од сите денешни средби и разговори што имал можност да ги оствари. Информираше дека веќе се договорени владините работни групи и се очекува тие да имаат работни средби барем еднаш месечно. Очекува наскоро да се воспостави авионската линија Скопје-Софија, со што ќе се овозможи подобра комуникација меѓу граѓаните од двете држави.

Истакна дека на балканскиот регион живеат околу 65 милиони жители и во едни поинакви околности, без бариери, со добри меѓусоседски односи, бизнис релациите би се унапредиле и за целиот регион би се создала една подобра слика во светски рамки. Ја поддржа иницијативата за динамизирање на парламентарната соработка и смета дека во најскоро време треба да се остварат посети на највисоко парламентарно ниво. Република Бугарија вистински ќе биде дел од Европската унија кога и останатите земји од регионот ќе се приклучат на ЕУ и само тогаш ќе се почувствуваат сите придобивки од членството во Унијата.

На крајот, двајцата соговорници се согласија дека во иднина е потребна уште поголема меѓусебна соработка и поддршка, со цел унапредување на регионот и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

loading...

https://aniwatch1.com/. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

dubbed anime SK8 the Infinity

Mieruko-chan Episode 9

AniWatch The Daily Life of the Immortal King [Chinese Dub] Episode 11

My Hero Academia Season 5 (Dub) Episode 19

anime websites Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Cour 2