Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО

Американскиот претседател Џо Бајден не може да дозволи меѓу сојузничките од НАТО, една земја членка да „и се сили” и да малтретира друга земја членка затоа што е поголема или како што е во случајот со Бугарија и Северна Македонија, смета американскиот универзитетски професор и експерт за Балканот, Едвард Џозеф.

-Тоа е веќе и проблем на НАТО. Тоа не можеме да го дозволиме. Ова е сојуз, НАТО е сојуз, не може САД да толерира агресија кон идентитетот, искористување на силата, на овој начин. Ова е сериозно, не е мало прашање. Идентитетот на луѓето е поврзан со идентитетот на државата, со напредокот на државата, со внатрешната стабилност и добрите односи меѓу Македонците и Албанците, што е наш интерес – вели Џозеф.

Од друга страна, додава тој, интерес на Владимир Путин се поделбите и конфликтите.

-Поделба меѓу Бугарите и Македонците, поделби меѓу Албанците и Македонците, меѓу Србите и Косовците, сето ова. Путин тоа го сака во Украина, тоа го сака и на Балканот, поделби, конфликти, додека интересот на САД е да се запре сето тоа, почнувајќи со афирмација во официјална пишана форма на македонскиот идентитет – вели Џозеф во интервју за ТВ Клан Македонија.

tải sunwin sunwin tài xỉu sunwin.apk mới nhất

tải sunwin

sun win

tải sunwin apk tải sunwin apk sunwin apk

sun win