ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР МЕЃУ РАДЕВ И ЗАЕВ Дијалогот на високо ниво и решавање на спорните прашања
ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР МЕЃУ РАДЕВ И ЗАЕВ Дијалогот на високо ниво и решавање на спорните прашања
ПАНИКА ВО СКОПЈЕ: Дојава за бомба во МНТ, итно евакуирани сите институции, сообраќајот блокиран
ПАНИКА ВО СКОПЈЕ: Дојава за бомба во МНТ, итно евакуирани сите институции, сообраќајот блокиран
ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЖЕСТОКО ДО МИЛОШОСКИ: Одвратен е начинот како вмровските пулени се радуваат на бугарското вето
ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЖЕСТОКО ДО МИЛОШОСКИ: Одвратен е начинот како вмровските пулени се радуваат на бугарското вето
НЕМА ПОГОЛЕМА ГНИДА ВО ИСТОРИЈАТА НА МАК ПОЛИТИКАТА ОД АНТОЊО МИЛОШОСКИ: Oтишол во Вашингтон да лобира Северна Македонија да не започне преговори за членство во ЕУ
НЕМА ПОГОЛЕМА ГНИДА ВО ИСТОРИЈАТА НА МАК ПОЛИТИКАТА ОД АНТОЊО МИЛОШОСКИ: Oтишол во Вашингтон да лобира Северна Македонија да не започне преговори за членство во ЕУ
ЗАЕВ: СИЛНА ПОДДРШКА ОД ИТАЛИЈА ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА СО ЕУ
ЗАЕВ: СИЛНА ПОДДРШКА ОД ИТАЛИЈА ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА СО ЕУ
ВИЛМА РУСКОВСКА НАЈАВИ НОВА ИСТРАГА И ОБВИНЕНИЕ ЗА МНОГУ ПОЗНАТ ПОЛИТИЧАР
ВИЛМА РУСКОВСКА НАЈАВИ НОВА ИСТРАГА И ОБВИНЕНИЕ ЗА МНОГУ ПОЗНАТ ПОЛИТИЧАР
Николовски: Започнува реализацијата на системот „Е-инспектор“, дигитализирано и силно оружје во борбата против корупцијата
Николовски: Започнува реализацијата на системот „Е-инспектор“, дигитализирано и силно оружје во борбата против корупцијата
РУСКОВСКА: ВО ВРЕМЕ НА ВМРО ДПМНЕ БЕШЕ НЕЗАМИСЛИВО ДА СЕ ПОДНЕСЕ ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ВЛАДИН СЕКРЕТАР И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ, СЕГА ИМАМЕ ОЈО КОЕ НЕ СЕ ПЛАШИ ОД НИКОГО
РУСКОВСКА: ВО ВРЕМЕ НА ВМРО ДПМНЕ БЕШЕ НЕЗАМИСЛИВО ДА СЕ ПОДНЕСЕ ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ВЛАДИН СЕКРЕТАР И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ, СЕГА ИМАМЕ ОЈО КОЕ НЕ СЕ ПЛАШИ ОД НИКОГО

ДИКТАТОРОТ РАЗГОЛЕН ВО СУДНИЦА: ЕДНИОТ СТАН НА БИХАЌКА ГО ПЛАТИ ГРУЕВСКИ, АМА НЕ САКАШЕ ДА БИДЕ НА НЕГОВО ИМЕ, А ДРУГИОТ ГО ПЛАТИВ ЈАС, СВЕДОЧЕШЕ БИЗНИСМЕНОТ АЛЕК ТЕРАНОВА

Во март годинава, Груевски рече дека имал извршено закуп на два други стана на истиот кат каде живеел и дека поседувал договор за закуп од сопственик со кој немал никаква поврзаност. (архивска фотографија)

Услугите на сведокот Александар Ивановски не застанале со потписот за основање на фирма-ќерка на офшор фирма од Белизе за купување на плацевите на Водно за Никола Груевски со пари од членството на ВМРО-ДПМНЕ, туку формирал и своја фирма за да му купи на Груевски два стана на Бихаќка, на име на секретарката. Ова го кажа тој во продолжение на денешното сведочење за „Плацеви на Водно“ во Кривичниот суд.

„Татјана Стојановска е мојата лична секретарка, која ја основа фирмата ‘ИТК Инженеринг’ со капитал од 5.000 евра“, рече Ивановски, познат како Алек Теранова.

„Кој ви рече да ја основате?“, праша обвинителката Лиле Стефанова.

„Во една прилика Сашо ми рече не е лошо да формирам една фирма за јавно наддавање и дека не е лошо тој плац да се купи“, одговори сведокот.

„За кого требаше да се купи плацот?“, праша Стефанова.

„Тој плац требаше да се купи за пријател на Сашо Мијалков, така ми кажа. Финта требаше да се направи: Јас да се јавам како купувач јас да финансирам, потоа да се продаде таа фирма и јас да си ги покријам трошоците“, објасни Ивановски.

„За кого требаше да се купи плацот преку фирмата ‘ИТК инженеринг’“, праша Стефанова.

„Во тој момент не се кажа име, а јас не инсистирав да го дознаам, зашто Сашо ми е пријател. Знаев дека ќе си ги повратам вложените средства. И да не ги повратев, на плацот имаше маркица, па ќе ми останеше како бенефит во иднина да си градам куќа“, рече Ивановски.

„Како го купивте плацот на Водно од 11 илјади метри квадратни?“, праша обвинителката.

„Имаше јавно наддавање, ‘ИТК Инженеринг’ го купи плацот од 11 илјади метри квадратни. Потоа Сашо Мијалков ме замоли истата фирма ‘ИТК Инженеринг’ да го купи станот што се граничи со станот на Никола Груевски. Тогаш, по логика сфатив дека сè е за Никола Груевски“, одговори сведокот.

„Со чии средства го купивте станот?“, праша обвинителката.

„ИТК го купи тој стан. Како и за плацот, средствата и овде беа лични, на ИТК. Парите беа дел со позајмица, дел со кредит од Централна Кооперативна Банка, што го подигнаа мои вработени, дел од моите родители, а никогаш не сум го видел станот што го купив“, одговори сведокот.

Бизнисменот беше прашан и за другиот стан во зградата на Бихаќка, кој гласи на име на секретарката.

„Потоа ИТК зема уште еден стан. Бев замолен и тогаш од Сашо Мијалков. Требаше да гласи на друго име, а 40-те илјади евра за тој помал стан, ги обезбеди Никола Груевски. На секретарката Татјана Стојановска ѝ кажав за кого е станот. Ѝ кажав оди купи го станот. Во тој момент Груевски не сака да е на негово име, но подоцна ќе го префрли на свое. Во 2018 година бев викнат од возач на Груевски. Ми даде документи договор за закуп на становите што таа ги потпиша. Документите ги вративме потпишани од секретарката“, објасни Ивановски.

Сведокот беше прашан и за неговите врски со Груевски.

„Со Груевски не сме имале директни контакти. Во 2018 година, по неговото бегство во Унгарија добив порака од унгарски број. Ми се јави, ме праша дали имам некој стан во Центар за да купи еден за да се пресели неговата сопруга со децата. Се прекина врската, па пак се јави. Му кажав дека немам во Центар. Потоа уште еднаш ме побарал, не сум го чул телефонот“, сведочеше Ивановски.

Во март годинава, кога обвинителството изврши претрес на становите на Бихаќка, за кои што денеска сведочеше Ивановски, Груевски рече дека имал извршено закуп на два други стана на истиот кат каде живеел, а од кои имал потреба. Рече и дека поседувал договор за закуп од сопственик со кој немал никаква поврзаност.

Сите четири стана, двата на име на мајката Груевски, тој на секретарката и тој на фирмата ИКТ, се со последователни броеви во зградата на Бихаќка.

ПОСРЕДНИКОТ ЗА ПЛАЦЕВИТЕ НА ВОДНО СЕ НАДЕВАШЕ НА ПРОВИЗИЈА, АМА МУ КАЖАВ ДА НЕ СЕ МЕШАМЕ ОТИ ИМАМЕ РАБОТА СО МОЌНИ ЛУЃЕ, СВЕДОЧЕШЕ АЛЕК ТЕРАНОВА
Случајот „Плацеви на Водно“ е за плацевите што ги купил поранешниот премиер Никола Груевски на Водно, неурбанизирани за 1,2 милиони евра, со пари за кои е обвинет дека ги украл од членарините на луѓето од ВМРО-ДПМНЕ што мислеле дека даваат за партијата.

Тие пари од членовите на ВМРО-ДПМНЕ, потоа Груевски, според обвинението, ги испрал со помош на сообвинетите: Јордан Камчев, Сашо Мијалков, кумот на Груевски Ристо Новачевски, адвокатот на Орце Ненад Јосифовиќ и мајката Ратка Куновска – Камчева.

ИЗВОР СДК.МК

loading...

TwistMoe: Sci-fi Harry anime episode 20 online free at https://twistmoe.net anime streaming

AnimeHeaven: Horimiya anime episode 13 online free at https://animeheaven.pro anime in heaven

GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real

Home! Episode Full

Website https://4anime.biz: Watch La Storia Della Arcana Famiglia 4anime Episode 12 watch anime dub