Лидерот на Левица шири омраза кон Петре Шилегов.
Вели дека за тоа што бил поразен во Скопје, Петре немал политички легитимитет да биде дел од владата?
Ова го вели човек кој имаше предложено кандидат, Камиказа, кој освои само 20 000 гласови на истите тие избори на кои Петре освои 90 000 гласови?!?!?!
Смешен е обидот на гласниот хистеричен пекинејзер Апасиев да плука по Шилегов кога неговиот кандидат освои многу многу помалку гласови, па со кој легитимитет тој воопшто зборува јавно кој требало да биде министер а кој не?
Во чие име зборува Апасиев во името на народот или на тие што гласаа за неговиот кандидат Камиказа а се многу помалце од тие што гласаа за Шилегов?!
Смешни му се тезите на пекинејзерот, некој треба секој ден да се замара со неговите смешни испади и популистички хистерии со кои ја минира политичката дебата со невидена ароганција и сеење омраза кон малциствата и секако плашења на народот за тоа дека државата ќе се распадне дека ќе исчезнеме како народ итн итн и тоа го зборува веќе 10 години и уште постоиме не сме се распаднале и не сме исчезнале, очигледно само лаже за да билда политички рејтинг за да глуми како некаква трета опција кон подобро, но и малите деца знаат дека опцијата која тој ја нуди е пат кон војните во Екс Југославија…
Затоа токму Левица и Апасиев беа причината зошто не успеа последниот обид за рушење на владата на СДСМ и враќање на ВМРО на власт.