2020 година и покрај сите предизвици ќе биде запаметена и како годината во која Северна Македонија, нејзините сојузници и партнери имаат причина за славење. За успешно заокружување на успехот, по зеленото светло во март, потребна е уште една значајна одлука која што ќе го отвори патот кон конечно остварување и на втората стратешка цел – полноправно членство во Европската Унија. Со пријател како Германија на чело на Унијата, заедничкиот успех е на дофат.
