БРАВО, БРАВО, БРАВО - КЕЈОТ 13 НОЕМВРИ ПОВТОРНО НАЗАД КАЈ ГРАЃАНИТЕ НА СКОПЈЕ, РЕКОНСТУРИРАН, ПОУБАВ И ПОШИРОК
БРАВО, БРАВО, БРАВО - КЕЈОТ 13 НОЕМВРИ ПОВТОРНО НАЗАД КАЈ ГРАЃАНИТЕ НА СКОПЈЕ, РЕКОНСТУРИРАН, ПОУБАВ И ПОШИРОК
Се враќаат жештините, повторно температури до 40 степени
Се враќаат жештините, повторно температури до 40 степени
Заев: Не можеме утре да ги внесеме Бугарите во Уставот
Заев: Не можеме утре да ги внесеме Бугарите во Уставот
Зибери: Воспитно-поправниот дом за малолетници не си ја извршува функцијата
Зибери: Воспитно-поправниот дом за малолетници не си ја извршува функцијата
ВМРО-Народна: Отворените изборни листи ќе ги збришат сите мали политички партии
ВМРО-Народна: Отворените изборни листи ќе ги збришат сите мали политички партии
Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска на средба со претставниците од „Дневен центар Доза среќа“
Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска на средба со претставниците од „Дневен центар Доза среќа“
Вицепремиеорот Битиќи за порталот Фактор: Прераснуваме во економија на можности, на старт-апи, во земја на иновации!
Вицепремиеорот Битиќи за порталот Фактор: Прераснуваме во економија на можности, на старт-апи, во земја на иновации!
ШИЛЕГОВ И ДЕЛЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌИЊА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ
ШИЛЕГОВ И ДЕЛЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌИЊА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ

Димитров: Европа да си го одржи зборот, крајно време е да ги почнеме заслужените преговори

Ова е пораката што денеска ја испрати заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, кој заедно со шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, амбасадорот Дејвид Гир ја посетија канцеларијата на Еко Пошта корисник на проектот ЕУзаОтпорност.

Тој нагласи дека ЕУ нема да биде целосна доколку не ги интегрира и земјите од Западен Балкани и на тој начин не го комплетира проектот на обединети европски држави. На Денот на Европа, рече во обраќањето Димитров, повторно зборуваме за иднината, за мирот, за заедништвото, стабилноста и просперитетот на нашиот континент и треба да се вратиме кон основата, кон она што не обединува и заради кое сакаме заедно да ја градиме нашата заедничка иднина.

Македонија не само што сака да биде дел од ЕУ, туку често пати сме покажале дека знаеме да се однесуваме така, конкретно прекуи нашето дејствување како стабилен партнер на меѓуанародната сцена и според зборовите токму на ЕУ – светол пример во регинот за решавање на тешки прашања. Тоа е патот по кој чекориме одлучно и непоколебливо и нема да се откажеме без оглед на предизвиците затоа што македонсктие граѓани заслужуваат да бидат и формално дел од ова семејство, истакна ДИмитров.

Додаде дека она што не обединува се вредностите и стремежот за подобар живот за македонските граѓани кои тоа го заслужуваат, преку итно откочување на европскиот пат. Оваа определба, подвлече, е врзното ткиво што го обединува целото наше општество, од партиска, од политичка, од етничка природа.

Вицепремиерот Димитров потенцира дека во 21 век недозволиво е да работиме на разединување, на актуелизирање на теми за проемна на граници, на идентитетски прашања кои се повеќе наратив на 19 и почетокто на 20 век.

– Пандемијата на КОВИД – 19 не потсети колку сме сите заендо поврзани, зависни едни од други и ранливи, без ралзиак каде се наоѓаме, дали сме големи или мали, но силно обединети во различностите и си помагаме меѓусебно, рече Димитров.

Тој истакна дека ЕУ од почетокот на кризата покажа дека е неспоредливо најголемиот донатор на нашата земја во борабата со пандемијата.

Димитров упати и честитки до компанијата Еко Пошта корисник на проектот ЕУзаОтпорност, која се занимава со транспорт на кореспонеднција и стоки, без да ја загрози животната средина поддршка.

Амбасадорот Гир потсетувајќи дека ова е втора година по ред што го одбележиваме Денот на Европа во околности полни со предизвици поради пандемијата со КОВИД – 19.

Потсети дека веќе е почната програмата за масовна вакцинација во Р Македонија, а на почетокот на оваа година првата пратка од околу 120.000 вакцини се донирани од страна на ЕУ.

И ова е само последната поддршка од страна на ЕУ која што ние ја обезбедуваме на Р Македонија од самиот почеток на пандемијата некаде 230 милиони евра во обезбедување на итна медицинска помош која што вклучува над 25 вентилатори, 35 парчина медицинска опрема, како и над 2 милиони парчиња лична заштитна опрема,како и друга финансиска помош се со цел за ублажувањње на социо-економските последици од пандемијата и за зачуввуање на нработните места, рече амбасадорот Гир.

Една таква иницијатива во рамки на проектот ЕУ за отпорност, што обезбедува 40 милиони евра бескаматни кредити, како и грантови за поддршка на мали и средни претпријатија, како и за поддршка на жени и мажи кои се соочуваат о ризикот на невработеност, и сето ова, подвлече Гир, се се случува со помош на Банката за развој на Македонија, како и Агенцијата за вработување.

– Ние навистина како ЕУ сме горди на конркетните резултати кои кшто оваа иницијатива ЕУ за отпорност ги има постигнато затоа што повеќе од 2.500 компании добија или се корисници на бескаматни кредити. Повеќе од 2.100 жени и мажи коишто се соочуваат со ризикот од невработеност, успеаја да ги сочуваат своите работни места, додека над 624 компнии беа во можност да создадат 793 работни места од кои 49 по основ се жени. 55 посто од сите нив од вработнеите се на возраст до 29 години, информираше евроамбасадорот Гир.

Додаде дека повеќе од 1.200 нови компании се создадени, како помош во рамки на овој проект.

Амбасадорот Гир информира дека денеска биле во посета на таков корисник на оваа програма ЕУ за отпорност наречена Еко пошта, која е создадена и менаџирана, управувана од страна на жени, компанија која што специјализира во разнесување на пратки на еколошки начин.

И не помалку од економски аспект, јас можам да ве уверам како што патем го имам направено и порано дека ЕУ ќе продолжи да даде помош на вашата земја во корист на луѓето за да можеме да ги множиме ваквите успешни стории во вашата земја, истакна евроамбасадорот Гир.

loading...

AniWatch dubbed anime: Watch Don't Toy with Me, Miss Nagatoro Episode 3

WCOStream wcostream dragon ball: SK8 the Infinity Episode 12