ЦЕНТАР ЌЕ ИЗДАВА И ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ НАДВОР ОД ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
ЦЕНТАР ЌЕ ИЗДАВА И ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ НАДВОР ОД ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Креираме нови и добро платени работни места, две нови инвестиции во Битола до крајот на годината
Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Креираме нови и добро платени работни места, две нови инвестиции во Битола до крајот на годината
Вучиќ на 28 и 29 јули на Економски форум во Скопје
Вучиќ на 28 и 29 јули на Економски форум во Скопје
СКОПЈЕ ДОБИВА ЛЕГАЛНИ ЅИДОВИ ЗА СЛОБОДНО КОРИСТЕЊЕ НА УЛИЧНИТЕ УМЕТНИЦИ
СКОПЈЕ ДОБИВА ЛЕГАЛНИ ЅИДОВИ ЗА СЛОБОДНО КОРИСТЕЊЕ НА УЛИЧНИТЕ УМЕТНИЦИ
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на стартот на реконструкцијата на патот преку националниот парк „Галичица“: После 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на стартот на реконструкцијата на патот преку националниот парк „Галичица“: После 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид
СПАСОВСКИ: Кога ја презедовме власта одлучивме храбро да ги решавме проблемите, наместо да владееме популистички
СПАСОВСКИ: Кога ја презедовме власта одлучивме храбро да ги решавме проблемите, наместо да владееме популистички
БРАВО - Од понеделник започнува закажување вакцинација во домашни услови
БРАВО - Од понеделник започнува закажување вакцинација во домашни услови
ТРАГЕДИЈА ВО ХРВАТСКА: Десетмина загинати и 45 повредени во несреќата на косовскиот автобус кај Славонски Брод
ТРАГЕДИЈА ВО ХРВАТСКА: Десетмина загинати и 45 повредени во несреќата на косовскиот автобус кај Славонски Брод

Димитров: Не е мудро да се брчка во душата, македонскиот јазик е наша работа, не ни требаат печати од други држави

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервју за „360 Степени“ коментирајќи ги односите со Бугарија, одговараше на прашање дали за него е прифатливо јазикот да биде именуван како македонски јазик со астерикс „согласно Уставот на Република Северна Македонија“, формула која е искористена во билатералниот договор со Бугарија.

„Билатералниот договор со Бугарија е целосно реципрочен. Каква е формулацијата за македонскиот јазик, таква е и за бугарскиот јазик, согласно уставите на двете земји. Мислам дека не е нескромно и е сосема легитимно да очекуваме од тие што сакаат да бидат блиски со нас, од нашите комшии и први соседи, како што почнува Крушевскиот манифест – драги комшии и мили соседи… да бараме третман којшто нема да не носи во една непријатна ситуација. Да не бидеме исклучок од правило. Ние заслужуваме нашите соседи и комшии да не не ставаат во ситуација да имаме некаква си фусноста. И во таа смисла македонскиот јазик, којшто се разбира е во согласност со уставот, но и со направената кодификација, е наша работа. Нас не ни требаат печати од други држави, признавања или непризнавања. И како што ние не се мешаме во работи што можеби им се свети или многу важни на нашите комшии, мислам дека е легитимно да очекуваме ист третман и кон нас. И затоа, ако Бугарија вистина сака да има пријател овде, мора да води мудра политика кон нас. И не е мудро да се брчка во душата на некој начин. Значи, наша работа е тоа, наше чувство, наш историски процес и мора да има тука свест од таа страна. Јас сум убеден дека оваа позиција околу македонскиот јазик не само што е директно спротивна на Европа, на европските вредности, туку е директно спротивна на мисијата што ја почнавме заедно. А таа е да бидеме блиски и да гледаме на историјата така за таа да не поврзува и денес“,

вели Димитров.

loading...

GoGoAnime your name gogoanime: Attack on Titan Season 2 (Dub) (https://gogoanime.be/m/edeN) Episode 12

KissAnime re zero kissanime: Watch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub) Episode 23