ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: НОВА ВЛАДА ПОСЛЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: НОВА ВЛАДА ПОСЛЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ
НИКОЛОВСКИ: Носењето на потребните законски измени за мерките од Планот за борба против корупција се важни за запазување на роковите за имплементација на Планот. Ова денеска го посочивме како исклучително важно на средбата со Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери

(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: ДОСЕГА НЕМА ОПАСНИ НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ КАЈ ВАКЦИНИРАНИТЕ, ОСВЕН МАЛО ЦРВЕНИЛО И ПОКАЧЕНА ТЕМПЕРАТУРА КАЈ ЕДЕН ВАКЦИНИРАН
(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: ДОСЕГА НЕМА ОПАСНИ НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ КАЈ ВАКЦИНИРАНИТЕ, ОСВЕН МАЛО ЦРВЕНИЛО И ПОКАЧЕНА ТЕМПЕРАТУРА КАЈ ЕДЕН ВАКЦИНИРАН
(ВИДЕО) ЗАЕВ: ИЧ НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА КАКО ЌЕ СЕ ОДРАЗИ ВРЗ СДСМ АКО НЕКОЈ ФУНКЦИОНЕР НА СДСМ БИДЕ ФАТЕН ВО КРИМИНАЛ, ПОВАЖНА МИ Е БИТКАТА ПРОТИВ КРИМИНАЛОТ!
(ВИДЕО) ЗАЕВ: ИЧ НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА КАКО ЌЕ СЕ ОДРАЗИ ВРЗ СДСМ АКО НЕКОЈ ФУНКЦИОНЕР НА СДСМ БИДЕ ФАТЕН ВО КРИМИНАЛ, ПОВАЖНА МИ Е БИТКАТА ПРОТИВ КРИМИНАЛОТ!
ДЕСНИЧАРИТЕ УСПЕАЈА ДА ЈА УПРОПАСТАТ НАЈЛИБЕРАЛНАТА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ - СО ОВА ИСЛАМОТ ПРАКТИЧНО Е ЗАБРАНЕТ КАКО ВЕРА ВО СРЦЕТО НА ЕВРОПА: Швајцарците изгласаа забрана за носење никаб и бурка
ДЕСНИЧАРИТЕ УСПЕАЈА ДА ЈА УПРОПАСТАТ НАЈЛИБЕРАЛНАТА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ - СО ОВА ИСЛАМОТ ПРАКТИЧНО Е ЗАБРАНЕТ КАКО ВЕРА ВО СРЦЕТО НА ЕВРОПА: Швајцарците изгласаа забрана за носење никаб и бурка
БОМБА НА ОРДАНОВСКИ: СО ПОСЛЕДНИОТ ПОТЕГ ЗА ВЛАДА НА СДСМ И ВМРО ДПМНЕ, ЗАЕВ ПОКАЖА ДЕКА Е РОНАЛДО ВО ПОЛИТИКАТА А МИЦКОВСКИ Е ФУДБАЛЕР НА ФК МИРАВЦИ
БОМБА НА ОРДАНОВСКИ: СО ПОСЛЕДНИОТ ПОТЕГ ЗА ВЛАДА НА СДСМ И ВМРО ДПМНЕ, ЗАЕВ ПОКАЖА ДЕКА Е РОНАЛДО ВО ПОЛИТИКАТА А МИЦКОВСКИ Е ФУДБАЛЕР НА ФК МИРАВЦИ
ГОЛЕМИТЕ БРОЈКИ НА ЗАРАЗЕНИ ГИ ВРАЌААТ РЕСТРИКЦИИТЕ - МЗ: Комисијата за заразни болести предлoжи полициски час во цела држава од 22 часот навечер до 5 часот наутро
ГОЛЕМИТЕ БРОЈКИ НА ЗАРАЗЕНИ ГИ ВРАЌААТ РЕСТРИКЦИИТЕ - МЗ: Комисијата за заразни болести предлoжи полициски час во цела држава од 22 часот навечер до 5 часот наутро
(ВИДЕО) ЅВЕЗДА НА ДЕНОТ, РУСКИОТ АМБАСАДОР БЕЗДНИКИН СТАНУВА ОМИЛЕН АМБАСАДОР ВО ЗЕМЈАВА - НА ЧИСТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ИМ ПОСАКА НА ГРАЃАНИТЕ ДОБРО ЗДРАВЈЕ
(ВИДЕО) ЅВЕЗДА НА ДЕНОТ, РУСКИОТ АМБАСАДОР БЕЗДНИКИН СТАНУВА ОМИЛЕН АМБАСАДОР ВО ЗЕМЈАВА - НА ЧИСТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ИМ ПОСАКА НА ГРАЃАНИТЕ ДОБРО ЗДРАВЈЕ

Димитров: Не се откажуваме од разговари со Софија, но нема да преговараме за тоа кои сме и кој јазик го говориме

Денот кога Бугарија стави вето за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија не беше добар, ниту за Европа, ниту за европската перспектива на нашиот регион, а особено не за нас, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервју за виенскиот весник „Стандард“.

Тој потенцира дека бугарското вето испраќа многу лош сигнал за регионот на Западен Балкан дека ЕУ не го препозна она што досега го постигна земјава, која во последните три и пол години ги реши проблемите со соседите, направи големи чекори кон отворено, демократско и мултиетничко општество и спроведе реформи за изградба на правна држава.

Сепак, според Димитров, сега сакаме да го спречиме очајот и национализмот и затоа и доколку не можеме да го одблокираме бугарското вето, се свртуваме кон пријателските држави од Унијата, за да можеме да ги постигнеме европските стандарди без процесот на пристапување кон ЕУ.

– Ако нашиот процес на пристапување се сведе толку многу на билатерален проблем што дискусиите за историјата ќе станат поважни од борбата против корупцијата, независноста на судството, функционирањето на демократските институции, слободата на медиумите, околината и енергијата, тогаш тоа не е процес кој европеизира, туку процес кој балканизира. Затоа нам ни е потребна реформска агенда со мрежа на пријатели кои се тука да ни помогнат и мораме да си поставиме јасни цели и да работиме на нив. Бидејќи не би требало да губиме време, вели Димитров.

Вицепремиерот нагласува дека земјава не се откажува од разговари со Софија, но потенцира дека нема да преговараме за тоа кои сме и кој јазик го говориме.

– Тоа е дел од еден историски процес, а не политичка одлука. Ние му ја должиме на нашиот народ заштитата на своето достоинство и идентитет, истакнува Димитров, додавајќи во Европа во 21 век не би требало да има простор за ваква расправа, бидејќи нашиот јазик е наша работа, а ставањето под знак прашалник на јазикот и идентитетот на соседот не е добрососедство, а во 2020 година не е ни пристојно.

Вицепремиерот за евроинтеграција потенцира дека тоа „кои сме ние – имено Македонци – и кој јазик го говориме – имено македонски“ – е всушност внатрешно прашање и прашање на самоопределба.

– Тешко е да се разбере дека во член 3 од Договорот од Лисабон, ЕУ го признава почитувањето на културната и јазичната разноликост, а истовремено македонскиот јазик претставува пречка за почеток на пристапни преговори. Ова не е предизвик само за нас, туку и за Европската Унија како заедница на вредности. Овде, во региониот, ние имаме богата историја, но очигледно не успеваме да создадеме доволно иднина, истакнува Димитров.

Тој потесетува дека со Договорот со Бугарија беше формирана Мешовита комисија од историчари, кои треба да расправаат за историски прашања, но, како што нагласува, во последните неколку недели и месеци расправата за историските прашања стана доминантна и го поткопува политичкиот процес и меѓусебните односи.

– Бугарските историчари ги отфрлуваа оние извештаи во кои се појавуваше придавката „македонски“. И така ова прашање на идентитет стана пречка во работата на Комисијата. Но искрено: доколку совршениот договор на сите страни за историските прашања би бил предуслов, тогаш Европската Унија никогаш немало ни да се создаде. Во модерната наука концептот на „историска вистина“ е застарен. Сега се говори за мултиперспективизам. При пристапувањето треба исто така да станува збор за тоа, за усвојување на правото на Заедницата и европските принципи, а не централно прашање да биде историјата, истакнува вицепремиерот за европски прашања.

Димитров нагласува дека земјава има огромна поддршка за старт на пристапните преговори, додавајќи дела германското претседателство со Унијата ќе продолжи да работи на тоа да се одржи прва меѓувладина конференција помеѓу ЕУ и Северна Македонија во декември.

– А ние и понатаму ќе внимаваме на тоа никому да не му дадеме причина да нè блокира. Но, тоа не значи дека ќе се преговара за нешто за што не може да се преговара. Ние ќе ја европеизираме Северна Македонија на овој или оној начин. Ако постои достоинствено решение за овој предизвик ние во целост ќе го искористиме пристапниот процес; ако тоа не е можно, тогаш ќе ги искористиме мрежите на нашите пријатели и ќе работиме на тоа да ја одржуваме земјата во добра форма за кога ситуацијата ќе се промени, истакнува Димитров во интервјуто за „Стандард“.

loading...

Sword Art Online Alicization War of Underworld Episode 12 at website https://animeflix.nl animeflix given movie

My Hero Academia 4 (Dub) (https://kissanimeonline.com/m/2nnD) Episode 25 at KissAnime kissanime2