Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија

Димитров за европската иднина на Западниот Балкан од аспект на ЕУ или „како е да се биде во чевлите на другиот?“ – Сите ќе бидеме далеку подобри ако сме заедно, интегрирани

На Економскиот форум во Белград, на којшто вицепремиерот Димитров учествуваше како говорник на панелот посветен на односите ЕУ – Западен Балкан во контекст на престојниот самит, беше дискутирано кои се очекувањата и како да се обнови довербата во европското ветување кон регионот.

На прашањето до панелистите – „Како е да се биде во чевлите на другиот?“ односно европската перспектива од аспект на ЕУ и одговорноста во процесот, Димитров истакна дека постои поделена одговорност и задача за двете страни – Унијата се соочува со бројни предизвици за иднината на процесот на европска интеграција, но заложбата во регионот е клучна за зајакнување и на внатрешен план и надворешно, како глобален актер, додека пак земјите од Западен Балкан треба да дадат соодветни аргументи за поддршка на нивното членство низ процесот на европеизација.

Димитров: „Не сме центарот на Универзумот односно Балканот не е најважното прашање бидејќи ЕУ навистина помина низ серија кризи последниве години – од финансиската, еврозоната, миграциите, Брегзит, до кризата во којашто дел од земјите членки не веруваат дека некои други докрај ги почитуваат европските вредности на кои се нафатиле пред сé во делот на „темелниот договор“ за владеење на право, независност на медиуми, демократија. Од нивна перспектива, кога ги оформуваат позициите размислуваат дали шесте земји на Балканот ќе донесат решение или имаме повеќе проблеми? Во таа смисла, Балканот треба да даде аргументи за да ги убеди носителите на одлуки и јавноста зошто процесот на обединување на Европа е императив.“

Димитров се осврна и на геостратешката димензија на процесот на проширување при што нагласи дека единствената алтернатива и за ЕУ и за Западниот Балкан е европската односно споделената иднина:
„Европската Унија без оглед колку и да е зафатена, нема луксуз да го игнорира или запоставува регионот што географски е во средината. Амбицијата да биде глобален играч што ќе поседува стратешката автономија се однесува на геополитичка моќ и ако не можете да направите разлика во регион што ве опкружува, каде што имате земји членки што сакаат да пристапат согласно ветување дадено пред 18 години, каде тогаш ќе направите промена? Ова е регионот каде што ЕУ примарно се тестира затоа што влијанието на ЕУ тука е најголемо, не само поради географијата туку и поради политичкиот контекст. Јас сум убеден дека немањето ангажман односно оставањето на Балканот настрана ќе чини многу повеќе отколку европеизацијата на Балканот, ЕУ мора да го препознае тоа како шанса да направи разлика со своето делување. Ако Балканот е исклучен од обединета Европа тоа е лошо за самата Европа и безбедносно и политички и вредносно, сите ќе бидеме далеку подобри ако нашите политики се усогласени, ако овде владее правото и ако има цврсти демократии во шесте земји од Балканот – ако бидеме една сложна куќа во која сите соби се интегрирани во системот.“ – заврши Димитров.

loading...

https://go88.gg/

kéo tài xỉu sunwin