ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ, ДИМЧЕ АРСОВСКИ ДЕНЕСКА ЕМ СЕ ИЗГЛУПИРА ЕМ ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА – СЕДИ ДИМСА, КЕЦ!

Замислете портпаролот на ВМРО ДПМНЕ ја обвини владата дека го правела она за што е платена – преговарала со Бугарија?!??!

Притоа Димса побара преговорите да биле јавни, КАКО РИАЛИТИ ШОУ?!?! Он така ли преговара во ВМРО ДПМНЕ, јавно пред целата јавност?! Каде се видело две влади така да преговараат, јавно е само тоа што ќе се договори на крај и тоа ќе оди на судот на јавноста и во парламентот, се дотогаш се крчка договорот се прави притисок се лобира се расправа се блефира се нуди се бара итн итн, тешки се преговорите ама младиот Димса го пратиле да се глупира на партиската говорница…

Цели 30 години ВМРО ДПМНЕ се клади на тоа дека народот е глуп и неписмен, тоа им е главен адут и цело време играат на таа карта, лешпери невидени.

Еве што кажа Димитар Арсoвски:

Дали денеска има тим од МНР кој е пратен во Бугарија да преговара за францускиот предлог, прашува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Дали е точно дека овој тим денеска преговара за предлогот да биде ставен во протокол за Европската унија? Дали со ова молчење, тимот од МНР ја крои тажната судбина на државата, далеку од очите на јавноста каде што ги води овие преговори во Софија?

Ковачевски, Османи, Маричиќ и сите останати да одговорат што работат и што преговараат тајно, далеку од очите јавноста во однос по ова прашање поврзано со францускиот предлог, изјави партискиот портпарол, Димче Арсовски.