ШАНСА ЗА ЦЕНТАР: Дискредитацијата врз советниците на Шанса за Центар за дефокусирање од „багателните„ парцели во Центар

Дискредитацијата која се прави врз советниците на Шанса за Центар е гол обид за прикривање од учеството во матната легализација, продажба, трансформација на „багателни„ парцели од 7 ЕУР во Центар

Нападите дека Шанса за Центар е против покачување на минималната плата за вработените во јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар се неосновани.

Градоначалникот Герасимовски, во обид да го покрие срамниот чин на продажба на атрактивно државно земјиште во строгиот Центар на Скопје за само 7 евра по квадрат и атрофираната институционална улога на заштита и одбрана на јавниот интерес, се впушта во дезинформации на јавноста и политички напади против Шанса за Центар околу покачувањето на платите за вработените во ПОЦ.

Имено, минималната плата се зголемува по закон и во никој случај не може да бидеме против тоа, но законот не предвидува линеарно покачување на останатите плати, и особено не без финансиски план за обезбедување приходи за покривање на покачувањето на платите за останатите вработени.

Иако мнозинството во Советот на Општина Центар изгласа зголемување на платите за сите вработени во ЈП ПОЦ, остана нејасно дали се обезбедени потребните средства и од каде, дали товарот ќе биде на општината, или се обезбедени дополнитeлни извори на финансирање и нов план и ребаланс

Наш став е дека поддржуваме покачување на платите и дека достоинствени услови на живот се потребни за сите вработени, но да започнеме од најранливите и најпогодените. Изгласаната одлука ќе значи дека ќе треба да се обезбедат дополнителни 7 милиони денари до крајот на годината за ова покачување на ПОЦ. Без приложена систематизација на работни места и финансиски план за изворот за финансирање на покачувањето или за ребаланс по кој јасно ќе се види пренамената и ефектот врз функционирањето и работата на општината, ние не можевме да се изјасниме, но не гласавме против туку остануваме воздржани.

Дополнително побаравме информација дали дел од потребните пари се очекуваат да ги плаќа општината каде исто така има вработени со плати пониски од тие во ПОЦ. Меѓутоа не беше приложена никаква анализа за одлуката да биде поддржана од сите тројца наши советници.

Во овој контекст треба да се земе во предвид и усната изјава на директорот на ЈП ПОЦ дека е во план намалување на капиталните инвестиции, и отворено го кажа проблемот со исплата на К15, за што најверојатно ќе му треба помош од општината.

Покачувањето го оправдуваше со потребата од усогласување на вработени со различно ниво на стручна подготовка и задачи со поголема одговорност, како и опасноста од демотивација. При тоа посочи на одлука на Советот на Општина Центар од пред два мандати со која паркингот за жителите на општината стана целосно бесплатен, па претпријатието е лишено од значаен дел од иницијално очекуваниот приход. Шанса за Центар гледа евентуално решение за ЈП ПОЦ во укинувањето на оваа реално популистичка мерка.

Конечно, Шанса за Центар се согласува дека се потребни корекции на платите кај дел од вработени во претпријатието особено сега кога се соочуваме со раст на трошоците поради глобалните кризи, но сметаме дека ваквите одлуки мора да се засноваат на прецизни финансиски анализи, особено што се работи за јавно претпријатие кое врши дејност од јавен интерес. Нашето барање за информација од каде ќе се обезбедат средствата за покачувањето на платите е во духот на она што се обидуваме да се воспостави во општината, а тоа е отчетно управување и трошење на народните пари.

За целосен увид во дискусиите во врска со оваа точка од дневниот ред на седмата седница на советот на Општина Центар можете да ја погледнете видео-снимката на следниот линк: Седница на Совет на Општина Центар

tải sunwin

sunwin sunwin club sunwin apk

sun win

tải sunwin

tải sunwin apk sunwin club game bài sunwin