Милевски: Децата пред се, училиштето во Косоврасти реновирано според најнови стандарди
Милевски: Децата пред се, училиштето во Косоврасти реновирано според најнови стандарди
СО БУГАРИЈА ГОВОРИМЕ ДВА СЛИЧНИ, НО РАЗЛИЧНИ И МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИ ЈАЗИЦИ, Ѝ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА МИЗРАХИ
СО БУГАРИЈА ГОВОРИМЕ ДВА СЛИЧНИ, НО РАЗЛИЧНИ И МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИ ЈАЗИЦИ, Ѝ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА МИЗРАХИ
(ВИДЕО) Министерот Спасовски оддаде почит на четворицата македонски бранители во чија чест беше откриено спомен обележје во Берово
(ВИДЕО) Министерот Спасовски оддаде почит на четворицата македонски бранители во чија чест беше откриено спомен обележје во Берово
(ВИДЕО) ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ТЕМА ДАЛИ СЕ ТЕТОВЧАНИ ЦИЦИИ?
(ВИДЕО) ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ТЕМА ДАЛИ СЕ ТЕТОВЧАНИ ЦИЦИИ?
ОДЛИЧНИ ВЕСТИ - Заев на Економски Форум во Скопје: „Во првите пет месеци потпишавме 15 договори за инвестирање“
ОДЛИЧНИ ВЕСТИ - Заев на Економски Форум во Скопје: „Во првите пет месеци потпишавме 15 договори за инвестирање“
БРАВО - Министерот за правда Маричиќ доби поддршка и охрабрување од евроамбасадорот Гир кој оцени дека досегашната работа на Министерството за правда е во вистинска насока и дека динамиката на реформи е добра

ТОП 10 НАЈГЛУПИ ТЕЗИ НА ВМРОВЦИТЕ ЗА ВЕТОТО ОД БУГАРИЈА
ТОП 10 НАЈГЛУПИ ТЕЗИ НА ВМРОВЦИТЕ ЗА ВЕТОТО ОД БУГАРИЈА
БРАВО - ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ВТОРА НАЈТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА ВО ДРЖАВАТА
БРАВО - ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ВТОРА НАЈТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА ВО ДРЖАВАТА

ДО ФЕВРУАРИ ЌЕ БИДЕ ГОТОВ ИДЕЈНИОТ ПРОЕКТ ЗА ТРАМВАЈОТ НА ТРКАЛА, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ

По изработката на проектот ќе се распише тендерот за набавка на возилата и изведба на трасата за движење и депото, по што кон крајот на наредната година ќе почне имплементацијата и воведувањето на трамвајот во јавниот превоз.(Фото: СДК.МК)

До февруари ќе биде готов проектот за воведување брз автобуски систем или т. н. трамвај на тркала за трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче. Град Скопје избра фирма која во рок од три месеци треба го изработи идејниот сообраќаен проект.

„Една фирма ги исполнуваше услови на тендерот. Станува збор за конзорциум од домашна и странска фирма. Чекаме да завршат законските процедури, периодот на жалби, за да се склучи договорот и да го објавиме името на фирмата која ќе го прави проектот што е основа за воведување на новиот концепт на јавен превоз во Скопје“, вели градоначалникот Петре Шилегов.

Шилегов вели дека при крај се преговорите со Европската банка за обнова и развој и до крајот на годинава треба да биде одобрен заем за воведување на „Бас рапид транзит“ системот. По изработката на проектот ќе се распише тендерот за набавка на возилата и изведба на трасата за движење и депото, по што кон крајот на наредната година ќе почне имплементацијата и воведувањето на трамвајот во јавниот превоз.

Според тендерската документација, трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче ќе биде со должина од 12,81 километри во една насока, ќе има 21 автобуска постојка и 2 терминали, во индустриската зона во Ѓорче Петров и во населбата Ново Лисиче. Првата станица ќе биде кај Поликлиниката Ѓорче Петров, ќе се движи долж булеварот Партизански одреди. За приклучок во центарот на градот кај Соборниот храм ќе врти на булеварот Климент Охридски, па кон улицата Димитрие Чуповски. Потоа по булеварите Кочо Рацин, Кузман Јосифовски-Питу и Јане Сандански до улицата Февруарски поход во Ново Лисиче, каде ќе биде последната станица.

Во тендарската документација се бара возилата да се движат по крајната лева лента и таа да биде одвоена од другите ленти, за да не може по неа да возат други возила или да се паркираат.

„Проектантот треба да предвиди дека сообраќајната лента за движење на возилата на ‘Бас рапид транзит‘ (БРТ) во однос на останатиот моторизиран сообраќај треба да биде одвоена со посебни разграничувачи, со исклучок на крстосниците каде што треба да остане можност за мешање со останатиот моторен сообраќај. Доколку не може да се постави на крајната лева лента, да се достави предлог на која лента е тоа најизводливо“, стои во тендерската документација.

Ако возилата се движат по крајната лева лента, тогаш автобуските станици ќе се постават во средишното зеленило и истите да се користат за двете насоки на движење.

Според првичните проценки, приближниот број на патници кои ќе ја користат оваа траса ќе биде околу 65.000 на ден. Со имплементција на првата фаза се очекува времето на патување од сегашните 70 минути да се намали за повеќе од 50 отсто, да се зголеми фреквенцијата на автобуси на 3-4 минути. Автобусите да бидат со хибриден погон и со должина од 18 метри. Времето потребно едно возило да ја помине трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче или обратно ќе биде 35 минути.

Улицата Димитрие Чуповски по воведувањето на трамвајот ќе треба да се пренамени во пешачка зона, со дозволено движење само на возилата од јавниот превоз, кои би се движење со брзина на пешак.

Воведување на новиот концепт на јавен превоз ќе чини 70 милиони евра.

ИЗЗВОР: СДК.МК

loading...

AnimeTV animetv: Attack on Titan Final Season (Dub) Episode 13

AnimeHeaven dr stone anime heaven: Kaguya-sama: Love is War Season 2 Episode 12