Многу ми е детски кога ќе видам како јавноста се тревожи за некој споменик на УЧК во земјава.
Албанските партии за да не прават многу драма во земјава, прославите на УЧК се обидуваат да ги прават во помала помпа во јавноста, во некои села низ Липковско, не инсистираат на големи споменици на УЧК во главните градови, не сакаат ние Македонците да паѓаме во несвест, Албанците не сакаат во земјав да има етнички тензии, сакаат мир, на крајот на краиштата, САД ќе се лутат а Албанците се доста синхронизирани со американската администрација, некои злобници тоа го исмеваат и се обидуваат да го толкуваат пародично дека Албанците биле етнос на дугме, демек примале само наредби и биле слепо послушни на САД, но тоа е друга тема и анализа…
Но ние Македонците сме толку на ВРВ НА СРЦЕ што викаат Кумановци, што дури и во селата во Липковско ги наоѓаме тие споменици и креваме паника и драма, немаме капацитет да прифатиме дури и 20 години по конфликтот од 2001-ва дека УЧК за Албанците е тоа што за нас се ВМРО и партизаните… Херои кои гинеле за нивните права и интереси како народ, и затоа тие ги слават и воспеваат. Како што ние имаме право да си имаме наши национални херои, така и Албанците и тоа што во еден момент сме биле во судир и нашите херои биле во војна со нивните херои е реалност и тоа не треба да не буни и полни со гнев и омраза.
како што ние сме изгубиле десетици војници така и тие изгубиле стотина војници, и тоа завршило и одиме напред, мораме тоа да го оставиме зад нас а да продолжиме да ги величиме хероите на двете страни. И ќе мора да се навикнеме помириме и прифатиме тоа, се друго е стварање на гнев омраза и негативна енергија на двете страни и тоа не е добро на долг рок.
Спомениците на УЧК не се ништо посебно и страшно, споменик како споменик, има етнички обележја, името на загинатиот, некоја парола, некоја пушка во ракта, малце мермер, круг или коцка околу споменикот и тоа е тоа. Респект на еден народ кон некој човек кој умрел за некои идеали, принципи, визија, сон на еден народ, народот тоа го прифатил и го цени и се поклонува.
Ние едните треба да ги почитуваме хероите на другата страна и обратно, така се почитуваме едните со другите, а со почитта оди и мирот.