Од 113-тата седница на Владата: Укинато е ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти и се дозволува поголема исполнетост на капацитетите и во отворениот и во затворениот дел
Од 113-тата седница на Владата: Укинато е ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти и се дозволува поголема исполнетост на капацитетите и во отворениот и во затворениот дел
НЕОДГОВОРЕН НАРОД НА КОЈ НЕ МУ Е ВАЖНО КОЈ МУ ГИ ВОДИ ОПШТИНИТЕ И ДРЖАВАТА: ОСВЕН ШТО 250 000 ОСТАНАЛЕ ДОМА, ДУРИ 60 000 ГИ ПРЕЧКРТАЛЕ ЛИВЧИЊАТА?!?!
НЕОДГОВОРЕН НАРОД НА КОЈ НЕ МУ Е ВАЖНО КОЈ МУ ГИ ВОДИ ОПШТИНИТЕ И ДРЖАВАТА: ОСВЕН ШТО 250 000 ОСТАНАЛЕ ДОМА, ДУРИ 60 000 ГИ ПРЕЧКРТАЛЕ ЛИВЧИЊАТА?!?!
Османи: Мнозинството е стабилно, нема да има нови избори и потреси
Османи: Мнозинството е стабилно, нема да има нови избори и потреси
Илиевски за Телма и ТВ 24: Димитриевски и на Општината ќе ги затемни стаклата, нема да дозволиме!
Илиевски за Телма и ТВ 24: Димитриевски и на Општината ќе ги затемни стаклата, нема да дозволиме!
ЛАДИЧ: Работите се јасни во Пробиштип, резултатската предност од скоро 500 гласови е силна и практично недостижна за Миленковски
ЛАДИЧ: Работите се јасни во Пробиштип, резултатската предност од скоро 500 гласови е силна и практично недостижна за Миленковски
НЕБОЈША АРСИЌ: ТРЕБАШЕ ЛИ СДСМ ДА БИДЕ КАЗНЕТ И КОЛКУ?
НЕБОЈША АРСИЌ: ТРЕБАШЕ ЛИ СДСМ ДА БИДЕ КАЗНЕТ И КОЛКУ?
ДЕМАНТ НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА: Во модуларната болница се нема случено никаква хаварија
ДЕМАНТ НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА: Во модуларната болница се нема случено никаква хаварија
ИНТЕРЕСЕН ГРАФИКОН: ВМРО ДПМНЕ НЕ ДОБИЛО НОВИ ГЛАСАЧИ, ТУКУ ГЛАСАЧИТЕ НА СДСМ ОСТАНАЛЕ ДОМА?!?!
ИНТЕРЕСЕН ГРАФИКОН: ВМРО ДПМНЕ НЕ ДОБИЛО НОВИ ГЛАСАЧИ, ТУКУ ГЛАСАЧИТЕ НА СДСМ ОСТАНАЛЕ ДОМА?!?!

ДО КОГА ЌЕ СЕ ЛАЖЕМЕ СЕБЕ СИ ЗА ТОА ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА ВО МАКЕДОНИЈА?!

Пишува: Саше Ивановски Политико

Ова погоре е слика од пречекот на бугарските војски во Охрид, мене ова не ми личи на пречек на окупациска војска туку на ослободителна војска од претходнито србски окупатор кој владеел со терор и со ќотек и со насилие…

Прашајте некој од вашите постари за тој период ќе ви објаснат се. На пример во Кратово се уште е познат случајот со командант Мино, српскиот началник кој бил главен на полицискиот гарнизон во Кратовско, тој бил неверојатен насилник, клептоман, силувач, убиец. Страв и трепет бил командант Мино цели 20-тина години колку што траела српската окупација во Македонија.

Затоа кога дошле бугарите биле пречекани со радост со надеж дека ќе бидат подобри газди, администратори од што биле Србитре.

Затоа бил таков пречекот на Бугарите во многу наши градови. И неколку години, народот во Македонија бил многу задоволен од новата власт, првите сериозни партизански одреди се формирале веќе при крај на 1943-та со помош на Србите кои на партизанското движење гледале на начин Вардарска Македонија пак да се откине од Бугарија и да се некако залепи за Србија макар и во вид на некаква федерација Југославија.

Зошто овие работи е толку тешко да се разберат, зошто се лажеме сами себе, па сега се е на интернет, нема потреба да се робува на историската нарација на македонските историци кои робувале на комунистичката приказна за клетите Бугари кои крвта им ја цицале на Македонците, тоа едноставно не соодветствува на историја.

Вака сега она што е на терен е многу различно од она што е во Бугарија кое мислам дека исто така не е идеално со реалноста но мислам дека нашето е далеку поодалечено од реалноста и историската вистина, мислам дека на никој нема да му штети ако ги погледнеме фактите реално и си признаеме некои работи колку тие да се болни или срамни или лоши во споредба на романтиската креирана лага за втората светска војна.

Срамота е да ни се смее цел свет ние да си живееме во некој свој историски свет а сите други околу нас да ни се чудат што им е на овие луѓе, сега кога се има на интернет, само треба човек да си отвори малце тоа чакрите.

Тоа не го омаловажува партизанското движење и желбата да бидеме независни и слободни, само ги расчистува само некои факти и вистини, но факт е дека партизани имало и дека се бореле и гинеле и дека се избориле за држава Македонија макар и во Југославија, тоа било темелот за она што се случило 50 години подоцна со осамостојувањето на државата и за прв пат тотално независна и слободна Македонија.

Прости се овие работи не се противречат едни на други, само треба мирно без параноја и заблуда да седнеме и да ги видиме фактите и потоа да пробаме тие нарации да ги некако ставиме во некаква кохезија со нарациите на нашите соседи за да не раѓаат нови омрази и непријателства и тоа е тоа.

Зошто и понатаму се лаже во земјава на тие теми? Политичарите се плашат да не изгубат гласови, историчарите ги мрзи да учат нова историја кога веќе утепале 30 години градиво кое е остаток од комунистичката розова вистина за настаните на балканот, народот им верува на политичарите и инсторичарите и си тера по една инерција на минатото, уметниците и писателите не сакаат да нбидат прогласени за предавници па си креираат филмови и дела синхронизирани со таа розова лага, и така сите си брчиме во една тиква си бладаме и се лутиме ако некој сака да ни каже абе дечки не е баш така, мислиме дека некој со тоа сака да не уништи, да не истреби, да не пороби, а не е така, само треба малце да фатиме чекор со светот и реалноста, ништо повеќе од тоа.

Не дека нема во Бугарија луѓе со задни намери, но зборам генерално за целата држава и целиот народ, не мислам дека они се будат со помислата како пак да си ја вратат Македонија под свое, мислам дека само ги нервира некои историски заблуди и невистини ништо повеќе од тоа, сериозно го мислам ова. Малку треба за да се разбереме и да се помириме.

loading...

AnimeKisa Watch english anime Online in HD for FREE

AnimeDao Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

GoGoAnime Watch english anime Online in HD for FREE

Saga of Tanya the Evil: Operation Desert Pasta Episode Full

Animepahe: AHO-GIRL anime episode 12 online free at https://animepahe.cc watch anime online