БРАВО - Османи приреди коктел за дијаспората и им порача дека својот мандат ќе го посвети на создавање услови за секој кој има желба да може да се врати во државата
БРАВО - Османи приреди коктел за дијаспората и им порача дека својот мандат ќе го посвети на создавање услови за секој кој има желба да може да се врати во државата
СДСМ ПРИЛЕП - Денеска се навршуваат 64 години од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто
СДСМ ПРИЛЕП - Денеска се навршуваат 64 години од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто
БРАВО - СПАСОВСКИ ГО СОТРЕ ПОДЗЕМЈЕТО: ЗА ЕДНА ГОДИНА УАПСЕНИ БЛИЗУ 500 КРИМИНАЛЦИ БАРАНИ СО ПОТЕРНИЦА
БРАВО - СПАСОВСКИ ГО СОТРЕ ПОДЗЕМЈЕТО: ЗА ЕДНА ГОДИНА УАПСЕНИ БЛИЗУ 500 КРИМИНАЛЦИ БАРАНИ СО ПОТЕРНИЦА
Заев: Во првиот круг ќе одиме секој сам, а после ќе се поддржиме со ДУИ, БЕСА и со ДПА
Заев: Во првиот круг ќе одиме секој сам, а после ќе се поддржиме со ДУИ, БЕСА и со ДПА
Вицепремиерот Битиќи и директорот Тунџев го промовираа новиот Национален Геопортал – Со само еден клик граѓаните и стопанството може да пристапат до огромен број на просторни податоци
Вицепремиерот Битиќи и директорот Тунџев го промовираа новиот Национален Геопортал – Со само еден клик граѓаните и стопанството може да пристапат до огромен број на просторни податоци
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој
Почитувани, ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје од вторник, 27.07.2021 година, ќе започне со исплата на пензиите за месец јули
Почитувани, ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје од вторник, 27.07.2021 година, ќе започне со исплата на пензиите за месец јули
(ВИДЕО) СКОПЈЕ ЈА ДОБИ И ВТОРАТА ТАРТАН ПАТЕКА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК
(ВИДЕО) СКОПЈЕ ЈА ДОБИ И ВТОРАТА ТАРТАН ПАТЕКА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

ДОБРА ВЕСТ Е ШТО МУ ДОЈДЕ КРАЈОТ НА ДЕСНИЧАРСКИОТ НАЦИОНАЛИСТ НЕТАНЈАХУ, ЛОШАТА ВЕСТ Е ШТО ОПОЗИЦИЈАТА Е ПОРАДИКАЛНА ОД НЕГО!

Според договорот, Јаир Лапид (лево) и Нафтали Бенет би ротирале по две години на местото премиер. Прв би бил Бенет, чија партија освои помалку пратеници, но без неа не можно да се формира влада.

Клучниот играч по изборите, крајниот десничар Нафтали Бенет, во неделата вечерта соопшти дека се договорил со центристот Јаир Лапид за формирање коалициска влада. Во неа ќе бидат и десницата и левицата

Крајно десничарскиот израелски политичар Нафтали Бенет и опозицискиот лидер Јаир Лапид се согласија да создадат коалициска влада со што Бенјамин Нетанјаху ќе биде симнат од власт по 12 години на власт.

Бенет, поранешен водач на доселеници и религиозен националист, преку телевизиско обраќање објави дека склучил пакт со Лапид. Лапид беше длабоко во преговорите за создавање коалициска влада пред истекот на рокот од средата, а Бенет се сметаше за клучен играч.

-Имам намера да дадам сѐ од себе за да формирам влада на национално единство заедно со мојот пријател Јаир Лапид, така што, да даде бог, заедно да ја спасиме земјата од вителот и да го вратиме Израел на својот пат, рече Бенет.

Бенет, кој сака да го припои поголемиот дел од окупираниот Западен Брег, е идеолошки многу поблизу до Нетанјаху отколку до Лапид, поранешен ТВ-водител на вести, популарен во секуларната средна класа во земјата. Сепак, понудата може да го катапултира Бенет до високата функција.

Според извештаите на локалните медиуми за договорот, 49-годишниот технолошки милионер, кој претходно раководеше со министерствата за одбрана и образование, ќе стане премиер за првите две години од мандатот, а Лапид (57) ќе го замени последните две.

Ако Лапид може да добие поддршка на други партии за да се договорат во следните три дена – што сè уште не е загарантирано – тој може да го извести претседателот на земјата, Реувен Ривлин, дека верува оти може да формира влада, која потоа ќе оди во парламентот, Кнесетот, на гласање.

Заклетвата на новата влада, а со тоа и заминувањето на Нетанјаху од високата функција, може да се случи во рок од една недела.

И покрај огромните разлики, противниците на Нетанјаху, на кого му се суди за обвиненија за корупција, кои тој ги негира, го обвинија 71-годишникот за поделби и дека негова главна цел е да ја задржи власта. Многумина се собраа зад идејата за она што тие го нарекуваат „влада на промени“.

-Потребна ни е влада што ќе го одразува фактот дека не се мразиме едни со други. Влада во која левицата, десницата и центарот ќе работат заедно за да се справат со економските и безбедносните предизвици со кои се соочуваме, рече Лапид минатата недела.

Десничарската партија Ликуд на Нетанјаху освои најмногу места на изборите во март и доби рок од 28 дена да изгради мнозинска коалициска влада. Тој исто така предложи сличен договор за поделба на моќта со Бенет, но беше брзо одбиен. По истекот на рокот на 5 мај, на Лапид му беше врачен мандат според израелскиот изборен систем.

Лапид, некогаш министер за финансии, чија партија Јеш Атид беше втора на последните избори, ги забрза политичките консултации во последните денови по двонеделн крвав конфликт во Газа што ги замрзна преговорите.

Самопрогласениот центрист и „безбедносниот јастреб“ се обиде да склучи незгодни сојузи со партии од целиот политички спектар.

Тој планира да ги собере лабуриститие и антиокупаторската партија Мерец со нивните традиционални непријатели. Тие го вклучуваат Бенет, но и Авигдор Либерман, кој своевремено предложи да се обезглават „нелојалните“ припадници на арапското малцинство во земјата, кои сочинуваат околу 20% од нејзиното 9 милиони жители.

Во својата телевизиска изјава, Нетанјаху го обвини Бенет за предавство на израелското десно крило.

Тој ги повика националистичките политичари кои се приклучија на коалициските разговори да не ја воспоставуваат, како што рече, „левичарската влада“.

-Ваква влада е опасност за безбедноста на Израел и е опасност за иднината на државата, рече тој.

Бенет, поранешен соработник на Нетанјаху, претворен во ривал, рече дека го прави драматичниот чекор за да спречи нови избори. Додека ја споделуваше националистичката идеологија на Нетанјаху, Бенет рече дека не постои изводлив начин за тврдото десно крило да формира владејачко мнозинство во парламентот.

-Ваква влада ќе успее само ако работиме заедно како група, нагласи Бенет. Тој рече дека сите „ќе треба да го одложат исполнувањето на сите свои соништа. Ќе се фокусираме на она што може да се направи, наместо да се бориме цел ден за она што е невозможно“.

Групата со различни идеологии и цели може да бара надворешна поддршка од арапски членови на парламентот, вклучително и исламистите, кои ќе му помогнат на Лапид да постигне мнозинство од 61 пратеник и да го симне од тронот Нетанјаху. Сепак, нивните идеолошки разлики се преголеми за да бидат полноправни членови на коалицијата, што значи дека Лапид веројатно би формирал малцинска влада.

Со вакви значајни политички разлики, коалицијата против Нетанјаху може да се распадне. За да се спречи тоа да се случи, се очекува таа да се фокусира на економијата и пандемијата, истовремено избегнувајќи големи проблеми и задржувајќи го статусот кво за милиони Палестинци кои живеат под окупација.

Моси Раз, парламентарец од Мерец, изјави за израелското јавно радио дека предложената влада „ќе направи многу добри работи. Не сум сигурен дека мировниот договор ќе биде еден од нив“.

Ако договорот е успешен, тоа може да стави крај и на политичката блокада што донесе четири предвремени избори од 2019 година и на 12-годишното историско владеење на Нетанјаху како премиер.

Нетанјаху ги подгреа шпекулациите дека неговиот мандат ќе заврши во недела со последната понуда до Бенет и до другиот претседател на партија на десницата, Гидеон Сар. Според договорот, кој се смета за најдарежлив досега од Нетанјаху, тројцата ќе ја „ротираат“ улогата на премиер. Сепак, Сар, поранешен штитеник на Нетанјаху, кој се претвори во противник, го отфрли предлогот. „Нашата позиција и посветеност беше и останува да го смениме режимот на Нетанјаху“, порача Сар на Твитер. (Според агенциите)

loading...

https://kissanime.mx watch anime dub. Sword Art Online II: Debriefing (Dub) Episode Full

AnimeDao Watch anime online, English anime online HD. Yes! Precure 5 GoGo! Movie: Okashi no Kuni no Happy Birthday (https://animedao.nl/m/6ove) Episode Full

WCOStream Watch english anime Online in HD for FREE. Busou Chuugakusei: Basket Army Episode 5