Дигиталниот дел е опремен со банкомат за уплата и подигање готовина и со дигитален киоск, кој е современо решение за плаќање сметки за јавни услуги (ЕВН, Телеком, А1, БЕГ и Телекабел) без провизија, без посета на шалтер и со картичка од која било банка. На дигиталниот киоск може да испечатите и извод од трансакциска сметка на физичко лице за која имате претплата на Интернет банка. Влезот во дигиталната зона 24/7 е овозможен со сите банкарски картички.
Шалтерите во експозитурата се отворени од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот, а ги обезбедуваат следниве услуги:
🟢отворање трансакциска сметка во денари или во девизи
🟢плаќање во земјата и во странство
🟢брз трансфер на пари
🟢менувачко работење
🟢богатата понуда на кредитни производи и штедни влогови
🟢купување удели во инвестициски фондови
🟢купување осигурителни полиси
🟢стручни совети и обука за користење на електронска банка и мобилно банкарство за физички и правни лица
Експозитурата на Комерцијална банка во Буњаковец е модерно решение, кое на брз и ефикасен начин ќе ги задоволи вашите потреби, без оглед дали се однесуваат на вашите лични финансии или на вашиот бизнис.
