БРАВО - Бектеши, Мустафаи и Симеска Димоска ја промовираа новата лабараторија за испитување на квалитет на мазут: Резултатите од анализа на мостри за мазут ќе се добиваат за два часа, опремувањето на лабараторијата чини 24 милиони денари
БРАВО - Бектеши, Мустафаи и Симеска Димоска ја промовираа новата лабараторија за испитување на квалитет на мазут: Резултатите од анализа на мостри за мазут ќе се добиваат за два часа, опремувањето на лабараторијата чини 24 милиони денари
Ковачевски: Успешноста на средбата со премиерот Петков ја гледам во новиот тон и пристап
Ковачевски: Успешноста на средбата со премиерот Петков ја гледам во новиот тон и пристап
БАЈДЕН ИЗЈАВИ ДЕКА ИМА НЕСОГЛАСУВАЊЕ СО НЕКОИ ЧЛЕНКИ НА НАТО ШТО ДА СЕ ПРАВИ АКО РУСИЈА ЈА НАПАДНЕ УКРАИНА, УКРАИНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЗЕЛЕНСКИ РЕАГИРАШЕ СО НЕГОДУВАЊЕ
БАЈДЕН ИЗЈАВИ ДЕКА ИМА НЕСОГЛАСУВАЊЕ СО НЕКОИ ЧЛЕНКИ НА НАТО ШТО ДА СЕ ПРАВИ АКО РУСИЈА ЈА НАПАДНЕ УКРАИНА, УКРАИНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЗЕЛЕНСКИ РЕАГИРАШЕ СО НЕГОДУВАЊЕ
СЕ РУШАТ СТАРИ ОБЈЕКТИ НА ТИКВЕШ ВО КАВАДАРЦИ ЗА ПРАВЕЊЕ НА НОВА УЛИЦА СПОРЕД НОВИОТ ДУП
СЕ РУШАТ СТАРИ ОБЈЕКТИ НА ТИКВЕШ ВО КАВАДАРЦИ ЗА ПРАВЕЊЕ НА НОВА УЛИЦА СПОРЕД НОВИОТ ДУП
КОВАЧЕВСКИ: МОРА ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ УСТАВОТ НА БУГАРИЈА КОЈ НЕ ДОЗВОЛУВА МАЛЦИНСТВА, НО ДОЗВОЛУВА СЕКОЈ ЛИЧНО ДА СЕ ОПРЕДЕЛИ КАКО МАКЕДОНЕЦ АКО САКА
КОВАЧЕВСКИ: МОРА ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ УСТАВОТ НА БУГАРИЈА КОЈ НЕ ДОЗВОЛУВА МАЛЦИНСТВА, НО ДОЗВОЛУВА СЕКОЈ ЛИЧНО ДА СЕ ОПРЕДЕЛИ КАКО МАКЕДОНЕЦ АКО САКА
КОВАЧЕВСКИ: ЈАС СУМ НА СТРАНАТА НА РАБОТНИЦИТЕ, НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН МОРА ДА ИМА
КОВАЧЕВСКИ: ЈАС СУМ НА СТРАНАТА НА РАБОТНИЦИТЕ, НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН МОРА ДА ИМА
КОВАЧЕВСКИ: МНОГУ МЕ НЕРВИРААТ СООПШТЕНИЈАТА НА ВМРО ДПМНЕ, ТИЕ ЛУЃЕ НИШТО НЕ РАЗБИРААТ И ИЧ НЕ САКААТ ДА ПОМОГНАТ, САМО ГЛЕДААТ СЕИР И ЛУПААТ ГЛУПОСТИ
КОВАЧЕВСКИ: МНОГУ МЕ НЕРВИРААТ СООПШТЕНИЈАТА НА ВМРО ДПМНЕ, ТИЕ ЛУЃЕ НИШТО НЕ РАЗБИРААТ И ИЧ НЕ САКААТ ДА ПОМОГНАТ, САМО ГЛЕДААТ СЕИР И ЛУПААТ ГЛУПОСТИ
БОМБА НА ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ: ЌЕ ГИ ПОКАЧИМЕ ПЕНЗИИТЕ ОВИЕ ДЕНОВИ, БЕЗ ДА НАПРАВИМЕ ДУПКА ВО ПЕНЗИСКИОТ ФОНД
БОМБА НА ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ: ЌЕ ГИ ПОКАЧИМЕ ПЕНЗИИТЕ ОВИЕ ДЕНОВИ, БЕЗ ДА НАПРАВИМЕ ДУПКА ВО ПЕНЗИСКИОТ ФОНД

ДОБРИ ВЕСТИ: Кај 94% од корисниците на ретровисурна терапија, ХИВ вирусот во крвта бил целосно потиснат

Околу 500 лица живееле со ХИВ во Македонија на крајот на 2020 г., а од нив едно во три лица не е свесно дека го има вирусот. Ова го покажува анализата што ја спроведе Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ од Скопје во соработка со експерти од земјава и од надвор, според методологија на Европскиот центар за контрола на болести (ECDC).

Наодите исто така укажуваат дека најголем проблем во националниот одговор кон оваа епидемија е токму недоволното тестирање. Наспроти тоа, Северна Македонија ги постигнала глобалните цели до 2020 г. во однос на пристапот до антиретровирусна терапија, при што најмалку 90% од дијагностицираните лица ја примаат оваа терапија, а дури 94% од оние на терапија целосно го потиснале вирусот во своето тело.

Потиснувањето на вирусот кај што поголем број лица со ХИВ е клучно за конечно да се стави крај на епидемијата на ХИВ до 2030 година, бидејќи терапијата спречува вирусот да биде пренесуван понатаму.

Она што особено нè загрижува е високиот процент на лица откриени во доцен стадиум на ХИВ-инфекцијата. Од вкупно 225 нови случаи регистрирани во последните 5 години, дури 48% биле дијагностицирани доцна, а 1 во 5 лица во многу напреден стадиум на инфекцијата. Апелираме дека секој сексуално активен човек е пожелно да направи ХИВ-тест одвреме-навреме. Секој може да биде засегнат од овој вирус, и покрај фактот што одредени групи население се поранливи, изјави Андреј Сених, извршен директор на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ.

За да ги поттикнеме луѓето да не се плашат од ХИВ-тестот, неопходно е конечно како општество да го нормализираме односот кон ова заболување. Стигмата и дискриминацијата врз основа на ХИВ-статус се неприфатливи во 2021 година и нè спречуваат во напорите да ставиме крај на СИДА до 2030 година, додава тој.

За нас е исклучително значајна соработката со граѓанските организации, кои имаат незаменлива улога во справувањето со оваа специфична епидемија. Препознавајќи ја важноста на успешниот модел на соработка помеѓу институциите и здруженијата, предлог-измените на Законот за здравствена заштита, кои Владата веќе ги усвои, го опфаќаат и го регулираат и овој аспект. Покрај тоа, буџетот на Програмата за ХИВ за 2022 година ќе се зголеми од 87,7 на 125 милиони денари, што се однесува како на обезбедувањето антиретровирусна терапија за пациентите со ХИВ, така и на мерките за превенција што ги спроведуваат здруженијата, изјави министерот за здравство, д-р Венко Филипче.

Постоењето на програмите за превенција на ХИВ е од исклучителна важност за тоа што нашата земја има ниска стапка на ХИВ-инфекција. Очекуваме од институциите да продолжат да вложуваат напори и неопходни средства, во согласност со потребите, за да ја одржиме контролата на ХИВ-епидемијата. Освен директните услуги што ги испорачува граѓанскиот сектор, треба да се потенцира и важноста на едукацијата, како на клучните популации засегнати од ХИВ и нивните семејства, така и на општата популација, а особено на младите луѓе, изјави Хајди Штерјова – Симоновиќ од Платформата на организации што даваат услуги за ХИВ-превенција.

Под слоганот „Вирусите не дискриминираат, луѓето – да!“, денес, по повод Светскиот ден на СИДА, Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ организира неколку културно-уметнички активности. Покрај јавните танцови настапи на фреквентни локации во главниот град, во 19:00 часот ќе биде откриен мурал во Кинотеката на Македонија посветен на големиот музичар Фреди Меркјури, кој почина како последица на СИДА пред точно 30 години; во 19:30 ќе биде прикажан филм за неговиот живот, а одбележувањето на овој ден ќе заврши со добротворен настан со почеток во 21:00 ч. во Кинотеката на Македонија.

Прилог: преглед на податоците презентирани на прес-конференцијата

Според извршеното моделирање бројот на настанати нови инфекции годишно се движел од проценети 51 (95% CI 43.1 – 58.9) во 2015 до проценети 47 (95% CI 9.5 – 79.1) во 2020 година.
Во последните 5 години во Македонија се дијагностицирале во просек 45 лица со ХИВ годишно.

Според проценката, 34% проценти од вкупниот број лица што живеат со вирусот во Македонија не се свесни за својот ХИВ-позитивен статус
На крајот на 2020 г. во Македонија со ХИВ живееле вкупно околу 500 лица, а овој број би можел да се движи во опсег од 437 до 575 лица.
Бројот на лица со ХИВ што не се свесни за својот статус се движи во опсег од 105 и 243.
На крајот на 2020 г., 332 лица со ХИВ или 66% од вкупниот проценет број на лица што живеат со ХИВ биле дијагностицирани; 299 лица или 90% од дијагностицираните веќе примале терапија, додека кај 282 лица, односно 94% од оние на терапија вирусот во крвта бил целосно потиснат.

Од вкупно 225 новорегистрирани случаи со ХИВ во последните 5 години, дури 48% биле откриени во доцен стадиум на инфекцијата, а 21% во многу напреден стадиум.
Според извршеното моделирање, просечното време поминато од моментот на инфицирање со ХИВ до моментот на дијагнозата изнесува околу 5 години.
Податоците се изведени од анализата на континуумот на тестирање и лекување на ХИВ-инфекцијата, која се однесува на периодот заклучно со крајот на 2020 година, а ја изработи Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ во соработка со домашни и странски експерти, според методологија препорачана од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC). Методологијата вклучува примена на алатка за моделирање специфично за ХИВ-инфекцијата. Во тимот што ја изработи анализата учествуваа надворешен експерт, д-р Зоран Доминковиќ од Загреб и д-р Милена Стевановиќ како национален експерт за ХИВ.

loading...

https://aniwatch1.com/. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

AniWatch Your Name. Episode Full

anime websites My Hero Academia Season 2

Attack on Titan Season 2 (Dub) Episode 3

AniWatch Fairy Tail (Dub) Episode 171

aniwatch Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!!