(ВИДЕО) СЕ ГРАДИ ПЕТТАТА МИНИ ХЕЦ ВО ЈП КОМУНАЛЕЦ КАВАДАРЦИ - МИТКО ЈАНЧЕВ НА ТЕРЕН
(ВИДЕО) СЕ ГРАДИ ПЕТТАТА МИНИ ХЕЦ ВО ЈП КОМУНАЛЕЦ КАВАДАРЦИ - МИТКО ЈАНЧЕВ НА ТЕРЕН
Заев: Крајната цел е да нема граници меѓу С. Македонија, Србија и Албанија
Заев: Крајната цел е да нема граници меѓу С. Македонија, Србија и Албанија
(ВИДЕО) МИТКО ЈАНЧЕВ - СЕМЕЈНИТЕ ВИНАРИИ КЕ ДОБИЈАТ ИЗЛОЖБЕН САЛОН
(ВИДЕО) МИТКО ЈАНЧЕВ - СЕМЕЈНИТЕ ВИНАРИИ КЕ ДОБИЈАТ ИЗЛОЖБЕН САЛОН
Денес во посета на Општина Кавадарци беше делегација на Мировниот корпус предводена од директорката Деборах Конер
Денес во посета на Општина Кавадарци беше делегација на Мировниот корпус предводена од директорката Деборах Конер
ЕДИ РАМА ИНСПИРАТИВЕН ВО СВОЈОТ ГОВОР: ГОСПОД МУ ДАЛ НА БАЛКАНОТ ДОВОЛНО РЕСУРСИ ЗА ЛУЃЕТО ДА ЖИВЕАТ ДОСТОИНСТВЕНО НО НИЕ ЛУЃЕТО МУ ПРКОСИМЕ НА ГОСПОД И СИ ШТЕТИМЕ САМИТЕ НА СЕБЕ
ЕДИ РАМА ИНСПИРАТИВЕН ВО СВОЈОТ ГОВОР: ГОСПОД МУ ДАЛ НА БАЛКАНОТ ДОВОЛНО РЕСУРСИ ЗА ЛУЃЕТО ДА ЖИВЕАТ ДОСТОИНСТВЕНО НО НИЕ ЛУЃЕТО МУ ПРКОСИМЕ НА ГОСПОД И СИ ШТЕТИМЕ САМИТЕ НА СЕБЕ
(ВИДЕО) Заев, Вучиќ и Рама ги потпишаа првите официјални документи за соработка во рамките на „Отворен Балкан“ за силен импулс за поттикнување на регионалната соработка
(ВИДЕО) Заев, Вучиќ и Рама ги потпишаа првите официјални документи за соработка во рамките на „Отворен Балкан“ за силен импулс за поттикнување на регионалната соработка
НО ЗАРЕМ НЕ Е ТОА ЦЕЛАТА ПОЕНТА ДА СЕ КАЗНАТ КРИМИНАЛЦИТЕ - Тежок живот зад решетки - критики за условите во затворите
НО ЗАРЕМ НЕ Е ТОА ЦЕЛАТА ПОЕНТА ДА СЕ КАЗНАТ КРИМИНАЛЦИТЕ - Тежок живот зад решетки - критики за условите во затворите
(ВИДЕО) СО ЧУДЕСИЈА ОД МОСТ, ХРВАТСКА ГО ПОВРЗА ДУБРОВНИК СО СПЛИТ ПРЕКУ МОРЕ
(ВИДЕО) СО ЧУДЕСИЈА ОД МОСТ, ХРВАТСКА ГО ПОВРЗА ДУБРОВНИК СО СПЛИТ ПРЕКУ МОРЕ

ДОБРО БУЈАР, ЗОШТО ТИ ТРЕБАШЕ ОВА – ШОКАНТНО – ВАЛЕНТИНА БОЖИНОВСКА И СРЃАН КЕРИМ ЌЕ ГО СОВЕТУВААТ МИНИСТЕРОТ БУЈАР ОСМАНИ

Според Османи, Валентина Божиновска и Срѓан Керим ќе го советуваат како „лица кои се ослободени од притисокот на дневната политика“. (Фото: СДК.МК)

Валентина Божиновска и Срѓан Керим се меѓу 26-те членови на Стратешкиот совет за надворешна политика, како советодавно тело на Министерството за надворешни работи (МНР). Денеска министерот Бујар Османи имаше состанок со членовите на кој кажа дека има имиња со различни мислења и токму тоа е важно за овој Совет да чуе различни идеи и ставови.

Членови на советот се и Марјан Ѓуровски, Нами Ружин, Денко Малевски, Марко Трошановски, Ивана Туфегџиќ, Гордан Горгиев, Лазар Еленовски, Живко Мукаетов, Виктор Габер, Ајдован Адемовски.

„Ова ќе биде советодавно тело на Министерството за надворешни работи.Се работи за квалитетни луѓе,добри познавачи на надворешната политика. При изборот внимавав да добиеме широка експертиза, да бидат лица кои се ослободени од притисокот на дневната политика. Спремен сум да ги вкрстиме различните ставови за да изградиме заеднички став”, рече министерот Османи на прес-конференцијата по одржување на конститутивната средба.

Како што кажа Османи членовите ќе работат волонтерски односно нема да добиваат никаков паричен надоместок за нивниот ангажман.

Валентина Божиновска после парламентарните избори на 11 декември 2016, како тогашна директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, на протестите пред Државната изборна комисија (ДИК) кои тогаш ги организираше ВМРО-ДПМНЕ, во говор рече дека собирот пред ДИК е „вечер на ножевите“.

„Да ги поздравам бранителите, оваа вечер е вечер на ножевите, оваа вечер е вечер или на разумот или на лудилото на еден човек. На последниот македонски предавник Зоран Заев. Ќе се случи еден ден во кој ќе кажеме ’елате браќа и сестри да се собереме и да тргнеме, да видиме кој ќе ни биде цар, а кој шпион“, рече тогаш Божиновска.

Два месеца подоцна почнаа протестите кои кулминираа со организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, во кој беа повредени пратенци и новинари, меѓу нив и сегашниот премиер Зоран Заев. Во септември 2018, градоначалникот Петре Шилегов не го прифати предлогот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје Божиновска да биде член на одборот за доделување на наградата „13 Ноември“.

Срѓан Керим, поранешниот дипломат и ексминистер за надворешни работи во Владата на Љубчо Герогиевски, е еден од двајцата осомничени во случајот на СЈО за кривични дела за пропаднатата медиумска компанија Медиа принт Македонија (МПМ). Осомничен е за кривичните дела: лажен стечај, повластување на доверители и злоупотреба на службената положба и овластувањата, за кои се предвидени затворски казни. Откако од сопствеништвото на МПМ се повлече Орка холдинг на бизнисменот Орце Камчев, Срѓан Керим беше единствениот сопственик на фирмата која ги издаваше дневните весници „Вест“, „Утрински“ и „Дневник“ и магазинот „Теа Модерна“ . Откако Керим и директорката Јана Станисављева однесоа МПМ во стечај, доверителите останаа со ненаплатени долгови од оваа компанија во износ од над 3 милиони евра. Додека тој беше управител престанаа со печатење весниците, при што беа отпуштени над 300 новинари, печатарски работници и придружни службеници, и овие весници веќе не постојат.

Керим не беше на денешниот Совет оти живее во Хрватска.

ИЗВОР: СДК.МК

loading...

https://wcostream.cc watch cartoons online wcostream. Chao Shen Xueyuan (https://wcostream.cc/m/Dx6g) Episode 10

https://4anime.biz 4anime bleach. Royal Space Force: The Wings of Honneamise (Dub) (https://4anime.biz/m/dkKM) Episode Full