БРАВО ОПШТИНА ЦЕНТАР - Уште два угостителски објекти во Центар добија решенија за преземање мерки за намалување на бучава
БРАВО ОПШТИНА ЦЕНТАР - Уште два угостителски објекти во Центар добија решенија за преземање мерки за намалување на бучава
Почнува изградба на Детска градинка во Бутел
Почнува изградба на Детска градинка во Бутел
Од тематската седница на Владата: Охридскиот рамковен договор придонесе за кохезивноста на општеството како еднакво за сите граѓани и заедници како и за интеграцијата на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ

ВУЧИЌ: ТИЕ ЗЕМЈИ ШТО ОДБИЈА ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА ОТВОРЕН БАЛКАН ЌЕ ТРПАТ ЕКОНОМСКИ ПОСЛЕДИЦИ, СРБИЈА, АЛБАНИЈА И ЦРНА ГОРА ЌЕ ПРИВЛЕЧАТ 90% ОД СИТЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ НА БАЛКАНОТ
ВУЧИЌ: ТИЕ ЗЕМЈИ ШТО ОДБИЈА ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА ОТВОРЕН БАЛКАН ЌЕ ТРПАТ ЕКОНОМСКИ ПОСЛЕДИЦИ, СРБИЈА, АЛБАНИЈА И ЦРНА ГОРА ЌЕ ПРИВЛЕЧАТ 90% ОД СИТЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ НА БАЛКАНОТ
ЗА ПРВПАТ ХЕРАКЛЕЈА И АНТИЧКИОТ ТЕАТАР ДОСТАПНИ ЗА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДИТЕТ
ЗА ПРВПАТ ХЕРАКЛЕЈА И АНТИЧКИОТ ТЕАТАР ДОСТАПНИ ЗА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДИТЕТ
Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите и работниците да ги почитуваат препораките на лекарите за топлиот бран
Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите и работниците да ги почитуваат препораките на лекарите за топлиот бран
(ВИДЕО) ИДЕЈАТА ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН МИ СЕ ВИДЕ ОДЛИЧНА КОГА ИМАВМЕ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО АЛБАНИЈА И КОГА ПОМОШ НИ ПРАТИЈА ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА И КОГА СО ТОА СПАСИВМЕ МНОГУ ЖИВОТИ
(ВИДЕО) ИДЕЈАТА ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН МИ СЕ ВИДЕ ОДЛИЧНА КОГА ИМАВМЕ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО АЛБАНИЈА И КОГА ПОМОШ НИ ПРАТИЈА ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА И КОГА СО ТОА СПАСИВМЕ МНОГУ ЖИВОТИ
ДИРЕКТОРОТ НА ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ, КОСТА ПЕТРОВ ИМАШЕ НЕСРЕЌА И ГИ СКРШИ ДВЕТЕ РАЦЕ
ДИРЕКТОРОТ НА ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ, КОСТА ПЕТРОВ ИМАШЕ НЕСРЕЌА И ГИ СКРШИ ДВЕТЕ РАЦЕ

ДОДЕЛЕНИ ГОДИШНИТЕ НАГРАДИ ЗА НАЈДОБРИТЕ НАСТАВНИЦИ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

(Скопје, 19.5.2021) Општина Центар секоја година организира настан за доделување награди и пофалници за најдобрите наставници и наставнички од општинските основни училишта, во согласност со својата Програма за образование.

Настанот традиционално се одбележува по повод Денот на словенските просветители св. Кирил и Методиј, а наставниците се наградуваат со паричен износ и со пофалници, како дополнителен мотив за нивната натамошна креативна работа во воспитно-образовниот процес.

„Професионалниот кадар што работи во основните училишта има главна улога во поставувањето на темелите на образованието на секое дете и на овој начин сакаме да ги мотивираме наставниците во нивната работа и да им оддадеме признание за досегашните постигнати резултати. Би сакал да им честитам на наградените наставници за вложениот труд во создавањето стимулативни услови за развој на децата, како и за развивањето на нивните позитивни страни и творечки потенцијали. Се надевам дека ќе продолжат во оваа насока и ќе бидат пример за другите“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

Наградите се доделуваат врз основа на претходно утврдени критериуми за вреднување на работата на наставниците во основните училишта, пропишани од Комисијата за образование во Општина Центар, а се наградуваат по еден одделенски и по еден предметен наставник од секое училиште во општината. Наградените наставници добиваат по 20.000,00 денари.

Во наредниот период Општина Центар ќе додели и награди за првенците на генерација, како и награди за најдобрите негувателки и воспитувачки, стручни соработници и технички персонал од општинските детски градинки.

loading...

AnimeDao watch anime: Watch Hunter x Hunter (Dub) Episode 23 (https://animedao.nl/m/Dq6D/ep-23)

AnimeFreak anime freak: My Hero Academia 2 (Dub) Episode 25