Со потпишувањето на Заедничката декларација ја заокруживме воената интеграција во NATO. По година и пол членство во Алијансата го потврдивме својот кредибилитет и способност да придонесуваме за колективната одбрана. Како држава добивме поголема меѓународна видливост и дипломатски потенцијал за реализација на стратешките политички и економски интереси.