Ковачевски: Oд Скопје до Лондон ќе бараме луѓе, за да ѝ помогнеме на државата
Ковачевски: Oд Скопје до Лондон ќе бараме луѓе, за да ѝ помогнеме на државата
БОМБА НА ТАЧИ: Мнозинството може да стигне до 70 пратеници
БОМБА НА ТАЧИ: Мнозинството може да стигне до 70 пратеници
(ВИДЕО) Заев: Прва стратешка француска инвестиција во енергетскиот сектор, Соларен парк „Стипион“ еден од најголемите во Европа
(ВИДЕО) Заев: Прва стратешка француска инвестиција во енергетскиот сектор, Соларен парк „Стипион“ еден од најголемите во Европа
И ГОЦА СЕ СВРТЕ ПРОТИВ ГРУЈО - Јанкулоска сведочеше за плацевите на Водно на Груевски: Некогаш донаторите ги даваа парите на Груевски, во партиското седиште имаше сеф во секоја просторија!
И ГОЦА СЕ СВРТЕ ПРОТИВ ГРУЈО - Јанкулоска сведочеше за плацевите на Водно на Груевски: Некогаш донаторите ги даваа парите на Груевски, во партиското седиште имаше сеф во секоја просторија!
ЕВЕ КАКО ВМРО ЈА ПЉАЧКАЛО ДРЖАВАТА: Чинговски сведочеше дека како поштар доставувал пакети за ВМРО-ДПМНЕ, се сомнева дека во некои имало и пари
ЕВЕ КАКО ВМРО ЈА ПЉАЧКАЛО ДРЖАВАТА: Чинговски сведочеше дека како поштар доставувал пакети за ВМРО-ДПМНЕ, се сомнева дека во некои имало и пари
Реакција на Павле Трајанов на изјавата на Христијан Мицкоски
Реакција на Павле Трајанов на изјавата на Христијан Мицкоски
Imuno Aktiv - Борете се за вашиот имунитет со најсилниот германски бренд Doppelherz
Imuno Aktiv - Борете се за вашиот имунитет со најсилниот германски бренд Doppelherz
БОМБА ВО СУДНИЦА - ВИСТИНАТА ЗА РЕЖИМОТ ОДЕКНА ОД УСТАТА НА НАЈБЛИСКИТЕ НА ДИКТАТОРОТ - Протуѓер: Со Груевски бевме блиски. Ми спомена дека купил земјиште од 10.000 квадратни метри на Водно
БОМБА ВО СУДНИЦА - ВИСТИНАТА ЗА РЕЖИМОТ ОДЕКНА ОД УСТАТА НА НАЈБЛИСКИТЕ НА ДИКТАТОРОТ - Протуѓер: Со Груевски бевме блиски. Ми спомена дека купил земјиште од 10.000 квадратни метри на Водно

ДОМИНАЦИЈА НА КАРАТИСТИТЕ ОД МАКПЕТРОЛ. КК МАКПЕТРОЛ Е НАЈУСПЕШЕН НА ДРЖАВНОТО КАРАТЕ ПРВЕНСТВО ЗА СЕНИОРИ/КИ СО 13 ОСВОЕНИ МЕДАЛИ

Почитувани,

Викендов, 27.03.2021 година, во Скопје, во салата Борис Трајковски, се одржа државното првенство во карате за сениори/ки, во поединечна и екипна конкуренција, во дисциплините борби и кати. Ова Државно првенство е критериумско за избор на сениорската репрезентација која во месец Мај 2021 година треба да настапи на Европското првенство за сениори, кое пак ќе се одржи во Пореч, Хрватска. Сите први места обезбедија учество на Европското првенство и ќе претставуваат нашата држава во Хрватска.

Макпетрол е најдобар карате клуб на Државното сениорско првенство. Каратистите на Макпетрол освоија 13 медали ок кои, 8 златни, 2 сребрен и 3 бронзени медали.

Државни прваци станаа:

– Сара Радичевска -50 кг,
– Симона Заборска -55 кг,
– Моника Пендаровска -61 кг
– Ангела Мојсовска -68 кг,
– Екипно жени борби во состав: Симона Заборска (капитен), Сара Радичевска, Ангела Мојсовска и Моника Пендаровски Викторија Јовановска,
– Абдурахим Идризи -60 кг,
– Давид Петков -67 кг
– Петар Спасеновски -84 кг

Сребрени медали освоија:

– Марија Петровска -50 кг
– Машкиот тим во борби во состав: (Заборски Петар, Спасеновски Петар, Петков Глигор, Ацковски Роберто, Абдурахим Идризи, Глигор Станоев и Давид Петков).

Бронзени медали припаднаа на:

– Роберто Ацковски -67 кг
– Викторија Јовановска -61 кг
– Глигор Петков -84 кг

Карате клубот Макпетрол во женска конкуренција продолжи со својата доминација. Од Вкупно 6 (шест) медали освои 5 (пет) златни медали и докажа дека е најдобар клуб веќе трета деценија во континуитет.

„За овој резултатски подвиг капитенот на тимот Македонската сениорска репрезентативка, Симона Заборска даде кратко видување: – Многу сум задоволна од својот настап. Успеав да освојам два златни медали за мојот клуб, бев прва и во екипна и во поединечна конкуренција -55 кг. Во финалето на мојата категорија успеав да ја победам Јована Георгиева (Олимпик), со резултат од 4-1, и го освоив златниот медал, во екипниот дел јас бев трета по ред и морав да победам ако сакавме да го освоиме златниот медал. Го направив и тоа и по втор пат ја победив Јована Георгиева која настапуваше за тимот на Олимпик и успеавме за 25 години по ред да бидеме најуспешен женски тим. Во овие години само еднаш имавме пораз во финална средба, и тоа кога имавме промена на генерацијата во клубот, но сега со овој состав кој е најквалитетен мислам дека можеме многу повеќе. Ова секако немаше да биде возможно без моите клупски другарки кои се бореа како лавици на ова првенство. Ако добро се подготвиме ние можеме да освоиме и медал во екипна конкуренција од европското првенство во Пореч, заврши Македонската репрезентативка Симона Заборска која од пионерка настапува за овој клуб а тоа се полни 20 години натпреварувачка кариера“. – изјави Заборска

Бошко Заборски, тренер на Макпетрол изјави: „Многу сме задоволни од постигнатиот резултат на овогодишното најважно државно првенство за сениори-ки. Истовремено сме многу горди и среќни за постигнатите резултати на сите наши каратисти. Оваа година покажавме максимална доминација во сите тежински категории во поединечна конкуренција но и во екипните настапи. Од вкупно 12 златни медали колку што можат да се освојат на првенството ние како клуб имавме девет финалисти, а успеавме да освоиме осум златни медали, тоа е резултатски најголем број на златни медали од постоење на карате клубот Макпетрол а тоа се 25 години во врвот на Македонското карате. Резултатот не е случаен ние и минатата година имавме 7 златни медали на истото државно првенство, така да веќе во континуитет го покажуваме нашиот квалитет, кој се должи на многу квалитетниот потенцијал кој го има клубот во натпреварувачки кадар. Имено скоро сите спортисти од нашиот клуб се повеќекратни европски и светски медалисти, затоа и резултатите се на ова ниво. Сега преостанува да се подготвиме сериозно за настапот не европското сениорско првенство кое ќе се одржи во Хрватска“. – додаде Заборски

Со почит,
Карате клуб „Макпетрол“
„Макпетрол“ АД Скопје

loading...

GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

Welcome to Demon School! Iruma-kun Season 2 Episode 17

GoGoAnime Attack on Titan Final Season (Dub) Episode 14

free anime online GoGoAnime Fairy Tail (Dub)

One-Punch Man

Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time Episode Full