МОСКВА ВОЗВРАТИ НА САНКЦИИТЕ Путин го потпиша ембаргото за увоз на храна од САД и ЕУ
МОСКВА ВОЗВРАТИ НА САНКЦИИТЕ Путин го потпиша ембаргото за увоз на храна од САД и ЕУ
Технолошкиот факултет се вклучува во истрагата за опожарената болница во Тетово
Технолошкиот факултет се вклучува во истрагата за опожарената болница во Тетово
Како може цел објект да изгори за неколку минути? – се подготвуваат два извештаи за трагедијата во Тетово
Како може цел објект да изгори за неколку минути? – се подготвуваат два извештаи за трагедијата во Тетово
Радев на средбата со Вархеји истакнал дека декларациите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки одлуки што ќе доведат до одржливи и неповратни резултати

Бугарски Блиц: САД ја малтретира Бугарија поради Македонија!
Бугарски Блиц: САД ја малтретира Бугарија поради Македонија!
Османи: Двајца дипломати не го поминаа ветингот, работниот однос ќе им биде прекинат
Османи: Двајца дипломати не го поминаа ветингот, работниот однос ќе им биде прекинат
Заев: Соработката на Владата со Црвениот крст ја креваме на следно ниво, преку Стоковите резерви се обезбедува хуманитарна помош која во секое време ќе биде достапна за граѓаните
Заев: Соработката на Владата со Црвениот крст ја креваме на следно ниво, преку Стоковите резерви се обезбедува хуманитарна помош која во секое време ќе биде достапна за граѓаните
(ВИДЕО) ЗАЕВ: Граѓаните ќе изберат каква иднина сакаат за својата општина и својата татковина
(ВИДЕО) ЗАЕВ: Граѓаните ќе изберат каква иднина сакаат за својата општина и својата татковина

ДОНАЦИЈА ОД „КАМ” ЗА СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИТЕ СЕМЕЈСТВА ОД ВЕЛЕС

Компанијата „КАМ” ДОО Скопје денес донираше осумдесет пакети со прехрамбени продукти и средства за лична хигиена, во вкупна вредност од 75.120, 00 денари со вклучен ДДВ наменети за социјално загрозените семејства од Општина Велес.

Станува збор за самоиницијативна, хуманитарна донација од „КАМ” ДОО Скопје во форма на материјални добра наменета за социјално ранливите семејства од Општина Велес, но и од општините ширум државата за време на пандемијата предизвикана од Корона вирусот.

Донацијата лично ја врачи регионалниот менаџер на компанијата г-дин Владимир Трајковски, кој по примопредавањето на донацијата оствари работна средба со градоначалникот Коцевски.

Во името на жителите и Советот на Општина Велес, Градоначалникот Коцевски изрази голема благодарност и надеж дека овој пример, кој ја потврдува компанијата „КАМ” како општествено одговорна компанија, ќе го следат и други фирми од градот и државата.

Во соработка со Општинската организација на Црвен крст од Велес, донацијата ќе биде поделена на осумдесет семејства во ризик од Општина Велес.

Компанијата „КАМ” ДОО Скопје е основана во 1999 година, вработува повеќе од 900 вработени, во повеќе од 70 КАМ маркети, лоцирани во 20 градови. Компанијата е прв синџир македонски маркети од типот хард-дисконти, која во своето 19-годишно постоење претставува еден од лидерите во дисконт-трговијата.

loading...