Приклучи се на #ГазиБабаСеГрижи – Оливер Спасовски
Приклучи се и ти на хуманитарната акција „Месец на хуманост – #ГазиБабасеГрижи“.🛒 Донирај прехранбени производи, хигиенски средства или облека секој работен ден помеѓу 10 и 17 часот на следните пункови во Општина Гази Баба:Дим Маркет во #ЖелезараКит-Го маркети и KAM MARKET во #АвтокомандаДИМ маркет во #СтајковциS-market во #ЧентоДа покажеме заедно дека се грижиме ❗️🙏 Огромна благодарност и до министерот Oliver Spasovski кој со своја донација се приклучи кон Месецот на хуманост „#ГазиБаба се грижи“
Posted by Борис Георгиевски on Недела, 11 октомври 2020
Приклучи се на #ГазиБабаСеГрижи – Петре Шилегов повик
Приклучи се и ти на хуманитарната акција „Месец на хуманост – #ГазиБабасеГрижи“.🛒 Донирај прехранбени производи, хигиенски средства или облека секој работен ден помеѓу 10 и 17 часот на следните пункови во Општина Гази Баба:Дим Маркет во #ЖелезараКит-Го маркети и KAM MARKET во #АвтокомандаДИМ маркет во #СтајковциS-market во #ЧентоДа покажеме заедно дека се грижиме ❗️🙏 Огромна благодарност и до градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој со своја донација се приклучи кон Месецот на хуманост „#ГазиБаба се грижи“ и со тоа даде директна поддршка за социјално загрозените семејства
Posted by Борис Георгиевски on Вторник, 13 октомври 2020
Во рамките на оваа хуманитарна акција која е иницирана од општина Гази Баба досега се собрани 220 кг храна, 50 кг облека, 15 кг хигиенски средства, како и мебел. Партнерските организации секојдневно ги доставуваат сите донирани производи до лицата од најранливите категории.
Во акцијата учествуваат голем број на граѓани од општина Гази Баба, а со своја поддршка и донација во првите 10 дена се приклучија и поголем број на јавни личности, културни работници и бизнисмени. Со своја поддршка и јавен апел за донирање во првите 10 дена се приклучија и министрите Оливер Спасовски и Благој Бочварски, градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов, пратеникот Мухамед Зекири, советникот на ПВРСМ, Милан Живковиќ, потпретседателот на СДСМ, Коста Петров. Во изминатиот период со своја донација се приклучија и свештенството од црквата Св. Архангел Михаил во Автокоманда, како и Спиро Чорогунов, сопственик на АД Караорман, поп пејачката Мијата и советниците во Советот на општина Гази Баба, Мартин Ристов и Ивица Петровски.
‘
Од името на општина Гази Баба би сакале да изразиме уште една огромна благодарност до сите граѓани кои донираат и со тоа ја покажуваат на дело својата солидарност и поддршка за граѓаните од социјално – ранливите групи.
Акцијата “Месец на хуманост-Гази Баба се грижи” ќе трае до 02 ноември а сите заинтересирани граѓани можат да се приклучат на 5-те пунктови пред маркетите Кит Го и КАМ маркетите во Автокоманда, Дим маркетите во Железара и Стајковци и С маркет во Ченто каде од 10 до 17 часот можат да донираат храна, средства за хигиена, облека, покуќнина за своите сограѓани на кои им е најпотребно.