(ВИДЕО) БРАВО - Шестиот пакет мерки вреден 17,8 милиони евра е силна поддршка за туристичко-угостителскиот сектор
(ВИДЕО) БРАВО - Шестиот пакет мерки вреден 17,8 милиони евра е силна поддршка за туристичко-угостителскиот сектор
(ВИДЕО) СЕ ПОЧНА КОГА ИЗРАЕЛ ПОЧНА ДА ГИ ТЕПА МУСЛИМАНИТЕ КОИ СЕ МОЛЕА ВО ЏАМИЈАТА АЛ АКСА - Хаос во Израел : Горат синагоги, Нетанјаху прогласи вонредна состојба
(ВИДЕО) СЕ ПОЧНА КОГА ИЗРАЕЛ ПОЧНА ДА ГИ ТЕПА МУСЛИМАНИТЕ КОИ СЕ МОЛЕА ВО ЏАМИЈАТА АЛ АКСА - Хаос во Израел : Горат синагоги, Нетанјаху прогласи вонредна состојба
(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО, НА ПОНИКВА ВО КОЧАНИ ИМА АВИОНСКА ПИСТА?!?!
(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО, НА ПОНИКВА ВО КОЧАНИ ИМА АВИОНСКА ПИСТА?!?!
Средба Николовски - Сугарески: Преку дигитализација и елиминирање на човечкиот фактор до помала корупција на граничните премини
Средба Николовски - Сугарески: Преку дигитализација и елиминирање на човечкиот фактор до помала корупција на граничните премини
(ВИДЕО) Средба Заев - Блер на самитот во Атина: Потенцијали за соработки со глобалната ИТ компанија „Оракл“ за враќање на мобилноста на граѓаните
(ВИДЕО) Средба Заев - Блер на самитот во Атина: Потенцијали за соработки со глобалната ИТ компанија „Оракл“ за враќање на мобилноста на граѓаните
Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаху

Премиерот Заев по повод Рамазан Бајрам: Во овие тешки мигови заради пандемијата со КОВИД-19, светиот празник Рамазан Бајрам носи надеж за нов почеток и ја поттикнува вербата на луѓето во доброто, вистината и правдата

Сијарто со порака од Будимпешта: Вашето место е во ЕУ, Унгарија ќе стори се, тоа побрзо да се случи
Сијарто со порака од Будимпешта: Вашето место е во ЕУ, Унгарија ќе стори се, тоа побрзо да се случи

ДОСТОИНСТВО ИМ ОДАДЕ ПОЧИТ НА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ ВО 2001 ГОДИНА – Ангелов: Процесот на помирување продолжува, науката треба да каже што ѝ се случи на земјава

Денеска се навршуваат 20 години од нападот во Теарце и 20 година од почетокот на вооружениот конфликт, но и една година од влезот на Македонија во НАТО, што треба да е гаранција дека вакво нешто нема да се повтори, рече претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов пред споменикот на бранителите во Жена парк во Скопје, каде делегација на Здружението положи цвеќе. „Продолжуваме да ги бараме правата за бранителите, а очекуваме науката да даде одговор што тоа ѝ се случи на земјава во 2001 година“, рече Ангелов.

Лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов потсети како бил извршен нападот на полициската станица во Теарце од страна на единица на ОНА во кој напад загина полицаецот Момир Стојановски, а тројца негови колеги беа ранети. Рече дека положиле цвеќе на местото каде сега е само руиниран објектот на полициската станица во Теарце, а дека за ужасите од нападот говорел полицаецот Јахи Лика кој беше ранет.

Ангелов го прочита соопштението на ОНА издадено ден по нападот во 2001 година во Теарце во кое покрај детали за нападот, имаше и дел со политичка содржина, а во кој беше наведено дека нападите на „славомакедонската униформа ќе продолжат додека не се ослободи албанскиот народ од славомакедонската доминација”.

Подоцна, рече Ангелов, реториката на ОНА беше променета па се говореше за човекови права.

„Како и да било, не смееме да го заборавиме минатото заради подобар поглед кон иднината. Да не се заборави за да не нѝ се повтори. Целта е меѓуетничката омраза да биде искоренета”, рече Ангелов.

Според законот за правата на бранителите, се подразбира дека станува збор за лица кои се бореле против уривањето на територијалниот интегритет и зачувување на демократските институции, оттука бранителите треба да ги остварат своите права, рече тој и напомена дека науката е таа што треба да даде одговори на другите прашања од типот на тоа што точно ѝ се случило на Македонија во 2001 година.

„Крајно време е 20 години подоцна науката да каже дали тоа беше војна, воен конфликт, вооружен судир, меѓуетнички судир или нешто друго. Дали овие судири можеле да се превенираат. Да потсетам дека лидерите Арбен Џафери и Љубчо Георгиевски имаа одлична соработка”, рече Ангелов.

Како држава, рече, мора да направиме сѐ што е можно сите граѓани да се чувствуваат еднакви и сите граѓани да бидат лојални на државата.

Воено македонските оружени сили изборија победа, но државата загуби и многу процеси беа уназадени, нагласи Ангелов.

„Двете страни учесници во воената 2001 година треба на науката да ѝ помогнеме да ја даде својата оценка”, рече лидерот на Достоинство.

Тој се осврна и на правата и проблемите со кои се соочуваат бранителите од 2001 година и го повтори старото прашање зошто не се носи нов закон кој добро ќе ги регулира барањата и правата на бранителите. Како што оцени, дел од правата се со слаб ефект.

„Двете права – бранителите да се запишат на факултет објективно мал број го искористија, како и предноста за вработување. Ги повикувам бранителите кога ќе наидат на оглас за вработување, да нагласуваат дека се бранители и дека тимаат предност во вработувањето“, рече тој.

Достоинтво ќе се ангажира за правата на бранителите и воените инвалиди, рече Ангелов и нагласи дека како партија која произлезе од членството на бранители ќе покрене иницијативи за одликување на генералите кои во 2001 година дале голем придонес, како што се генералите Ристо Галевски, Панде Петревски и Јосип Бошевски, но исто така, рече, ќе се покренат и иницијативи за одликување на воени и полициски единици, но и на поединци.

„Нашите иницијативи не се насочени против нашите некогашни воени непријатели, со нив имаме успешен процес на помирување. Тој процес ќе продолжи, а полза ќе имаат сите, пред сѐ државата. Никого не дразниме, туку настојуваме да се избориме за правата на бранителите”, рече пред споменикот на Жена парк, лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов.

loading...

AnimeDao ahiru no sora animedao: One Piece (Dub) (https://animedao.nl/m/0k6) Episode 693

KissAnime kissanime boku no hero academia: Watch Dr. Stone: Stone Wars Episode 8 (https://kissanimeonline.com/m/MVKg/ep-8)