Драган Крајовски е нов претседател на ОО СДСМ Битола

Драган Крајовски е нов претседател на општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во Битола. Крајовски е назначен на фунцијата со мандат од 4 (четири) години.

Драган Крајовски е роден на 29 ноември 1985 година во Битола. Во Битола завршил основно и средно образование. Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје во 2008 година, а во 2011 година положил правосуден испит и работел како самостоен адвокат. Во 2014 година запишал постдипломски студии на Правниот факултет во Скопје, во областа на кривично-правната материја, а магистирал во 2016 година. Од 2017 година до денес, успешно ја извршува функцијата директор на Казнено-поправната установа Затвор Битола.

Драган Крајовски е член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од 2007 година. Бил претседател на Локалниот клуб на млади на СДСМ во Битола, член на Централниот одбор на СДСМ, кандидат за пратеник на Парламентарните избори во 2016 година. Извршувал други, многубројни партиски функции како дел од општинската организација на СДСМ Битола.

Согласно Правилникот за постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на членовите на органите и носителите на функции во општинските организација на СДСМ, по изборот на Драган Крајовски за претседател на ОО СДСМ Битола, следуваат консултативни состаноци со месните организации за предлагање на можни членови на ИО и НО на ОО СДСМ Битола. По утврдувањето на предлог листите за членови на ИО и НО на СДСМ Битола, ќе биде одржана Конференција на општинската организација на ОО СДСМ Битола на која ќе биде потврден изборот на новите членови на раководните тела на ОО СДСМ Битола.