Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, од вечерва е во куќен притвор, неофицијално дознава Фокус, од доброупатени извори.
Како што дознаваме, досегашните мерки на претпазливост му се сменети со куќен притвор, по барање на обвинителството за случајот Таргет и Тврдина.
Фокус побара и очекува официјална информација од Кривичниот суд.
Инаку, вечерва пред домот на Мијалков има засилено полициско присуство. Неофицијално полицијата не можела да го најде Мијалков па објавена е потерница за негово пронаоѓање.
Да се надеваме дека не успеал да избега од земјава, тоа ќе биде нова грешка на македонското судство, сите од судница требаше веднаш да бидат однесени во затвор и таму да ја чекаат пресудата за ТАРГЕТ – ТВРДИНА, која пресуда се очекува на 28-ми февруари.
Откако полицијата не успеала да го најде во неговиот дом на Водно и на други локации, за да му го врачи решението со кое мерките за препазливост во случајот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“ му се заменуваат со куќен притвор до изрекувањето на првостепената пресуда, распишана е централна потерница за поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, велат добро упатени извори за Фокус.
Како што веќе објавивме, досегашните мерки на претпазливост на Мијалков му се сменети со куќен притвор, меѓутоа тој не е во неговиот дом на Водно, а полицијата не го пронашла ниту во Мериот.
Инаку, мерката куќен притвор доаѓа пред закажаната пресуда на 26 февруари за масовното незаконско прислушување во УБК, каде директор беше Мијалков.