Пишува: Саше Ивановски Политико
Друже Зоки, политичарите како тебе се вечни победници.
Политичарите кои прават чуда кои прескокнуваат големи бариери кои заедно со нацијата прават квантни цивилизациски скокови, тие политичари се паметат и се де факто политичари победници.
Како што ќе се паметат многу политичари како Мандела на пример или Ганди, кои направиле историски подвизи во регионите каде дејствувале, така и ти друже Заев не си одиш од политиката како поразен, ти никогаш нема да бидеш поразен.
Не дозволувај да ниту еден миг помислиш дека не вредеше сета мака што ја вложи, дека ти беше голема грешка влегувањето во политиката на голема врата со преземање на СДСМ од Црвенковски, дека е залудно се она што направивме од 2015-та па до денеска. Никогаш ниту за миг немој да си го помислил тоа.
Ти направи многу за оваа земја, половината од народот тоа не може да го види, но ќе го види еден ден.
Ти сигурен сум знаеш дека треба да си горд за твојот учинот и за нашиот заеднички учинок. Сите направивме грешки, ти најмалку но ти беше на челото и ти политички настрада, ти си еден вид на маченик цело време така и си замина од политичката сцена.
Јас сум ти благодарен бескрајно а верувам како мене има армија народ, стотици и стотици илјади кои им е мака што си одиш и што сме среќни што сме биле заедно со тебе во ист ров и сме биеле заедничка битка и сме извојувале победа чии резултати се гледаат и тек ќе се гледаат со времето што доаѓа пред нас.
Ај сега конечно одмори се малце, одмор што не си го видел со години и ти се чудам како уште си психички и физички здрав со толкав труд напор и невиден ангажман.
Поклон до земја друже, ќе те цениме и ќе те сакаме доживотно!