Пред точно осум години во центарот на Скопје, на улицата „Македонија“ беа удрени темелите на црквата Св. Константин и Елена. Со амин на Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан и со првата лопата на тогашниот премиер Никола Груевски. Црквата требаше да биде изградена за три години. Но, и натаму земјиштето е оградено со тараби, а изведувачот градежната фирма А.Д. Бетон од Скопје побара стечај за фондацијата Св. Цар Константин која ја финансираше градбата, пренесе ИРЛ.
Фондацијата на Бетон му должи 1.098.000 евра за градежни работи на верскиот објект. Барањето за отворање стечај е поднесено во септември, назначен е стечаен управник, а судско рочиште е закажано на 11 ноември.
„Основ за поведувањето на постапката е неспособност за плаќање – неликвидност на должникот Фондација Св. Цар Константин Скопје. Долгот на должникот спрема доверителот предлагач е од нотарски платен налог кој е правосилен и е во фаза на извршување, а износот на долгот е 67.570.171 денари“, велат за ИРЛ од Основниот суд Скопје 2.
Судот оценил дека се исполнети условите за отворање на стечајна постапка и донел решение за замрзнување на имотот и сметките на фондацијата. ИРЛ остана без коментар од сите инволвирани страни: МПЦ како сопственик и должник, Фондацијата како инвеститор и Бетон како изведувач на градежните работи.
Ова е прв случај во кој МПЦ се јавува како должник во стечајна постака, а неизградената црква и земјиштето ќе влезат во стечајна маса.
…
повеќе