(ВИДЕО) Заев во Европскиот Парламент на средбата со Сасоли: Во Брисел сме за да порачаме дека итно треба да се одблокира европскиот пат, но преговори за македонскиот идентитет не се опција
(ВИДЕО) Заев во Европскиот Парламент на средбата со Сасоли: Во Брисел сме за да порачаме дека итно треба да се одблокира европскиот пат, но преговори за македонскиот идентитет не се опција
ГАК: Починатата пациентка не беше родилка, злонамерни се шпекулациите за причините за смртта
ГАК: Починатата пациентка не беше родилка, злонамерни се шпекулациите за причините за смртта
БРАЌАТА ШВЕЃАНИ СЕ БОРАТ ЗА НАС: Шведска бара итен почеток на ЕУ преговорите со С. Македонија
БРАЌАТА ШВЕЃАНИ СЕ БОРАТ ЗА НАС: Шведска бара итен почеток на ЕУ преговорите со С. Македонија
СПАСОВСКИ: Одделот за специјални полициски операции добива нова униформа.
СПАСОВСКИ: Одделот за специјални полициски операции добива нова униформа.
ВИДЕО: Пендаровски домаќин на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили која носеше маска со знамето на Северна Македонија
ВИДЕО: Пендаровски домаќин на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили која носеше маска со знамето на Северна Македонија
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧЕЛО - СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ВО ПРИЛЕП СЕ КРЕНАА НА НОЗЕ ВО ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ГРАДОТ
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧЕЛО - СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ВО ПРИЛЕП СЕ КРЕНАА НА НОЗЕ ВО ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ГРАДОТ
Вице премиерот Груби се вакцинираше и апелира до граѓаните да се регистрираат на vakcinacija.mk
Вице премиерот Груби се вакцинираше и апелира до граѓаните да се регистрираат на vakcinacija.mk
КОЖУВЧАНКА ДОО со донација од 100.000 шишиња вода Изворска и 22.000 лименки безалкохолен пијалок Sinetta за потребите на пунктовите за вакцинација ширум земјава
КОЖУВЧАНКА ДОО со донација од 100.000 шишиња вода Изворска и 22.000 лименки безалкохолен пијалок Sinetta за потребите на пунктовите за вакцинација ширум земјава

ДРЖАВАТА ГО ВКЛУЧИ АЛАРМОТ ПОРАДИ ГОЛЕМИОТ БРОЈ ЗАРАЗЕНИ – ПЕНДАРОВСКИ И НАРЕДИ НА ВОЈСКАТА ДА ИМ ПОМАГА НА ЛЕКАРИТЕ ВО БОЛНИЦИТЕ!!!

Претседателот и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски, врз основа на член 18 , став 1, точка 5 и член 28, од Законот за одбрана, како и генералната наредба за ангажирање на дел од Армијата на Република Северна Македонија во мирновремени услови, односно во услови кога не е прогласена кризна, вонредна или воена состојба, и нареди на армијата дел од силите и средствата да ги ангажира како невооружени сили за извршување на задачи за поддршка на државните институции при справување со последиците од пандемијата на коронавирусот.

– Со оваа наредба, којашто стапува во сила веднаш, дел од ресурсите и од средствата на Армијата ќе се ангажираат како невооружени сили на извршување на задачи за поддршка на институциите на државата при справување со последиците од пандемијата на Ковид-19, соопшти кабинетот на Пендаровски.

Согласно наредбата на претседателот Пендаровски, Генералштабот на Армијата ќе ангажира сили и средства за медицинска поддршка на работата на здравствените установи и центри на Министерството за здравство, транспорт на заштитни и медицински средства и опрема.

Армијата ќе помага и за обезбедување на магацински простор за складирање на заштитни и медицински средства и опрема, поставување на шатори и друг вид на сместувачки капацитети наменети за лекување на заболени лица, како и за дезинфекција на простории и површини.

За спроведување на овие задачи, Генералштабот на Армијата е должен да ги подготви за ангажирање медицинските, силите за транспорт и силите за АБХО на Армијата.

Армијата на Република Северна Македонија, и во минатото врз основа на истите правни основи била ангажирана во отстранување на последици од елементарни непогоди и поддршка на државните институции во мирновремени услови.

loading...