На денешниот брифинг со новинарите, ги информирав за статусот на реализација на Планот за борба против корупција и придобивките од мерките за превенција и сузбивање на корупцијата
На денешниот брифинг со новинарите, ги информирав за статусот на реализација на Планот за борба против корупција и придобивките од мерките за превенција и сузбивање на корупцијата
Американскиот Универзитет на Европа – ФОН, заедно со Корот на карабинерите од Република Италија денеска организираше меѓународна конференција на тема „Сеопфатен пристап во борбата против транснационалниот тероризам: глобални предизвици и одговори на тероризмот“

Конференција на тема „Жената како жртва на насилство- механизми за заштита и помош од институциите“, организираше Американскиот Универзитет на Европа – ФОН во рамките на кампањата „СТОП на домашното насилство. Биди храбра!“

ОВОЈ Е АЛБАНСКИОТ АНТОЊО МИЛОШОСКИ, А ЗИНЕ ЛАЖЕ - Таравари: Немам доказ за поткуп на пратеници
ОВОЈ Е АЛБАНСКИОТ АНТОЊО МИЛОШОСКИ, А ЗИНЕ ЛАЖЕ - Таравари: Немам доказ за поткуп на пратеници
СООБРАЌАЈКАТА КАЈ МАВРОВКА ЗАЕДНО СО НЕСПОСОБНАТА ДАНЕЛА АРСОВСКА ДЕНЕСКА НАПРАВИ ХАОС ВО ГРАДОТ, МВР МОРАШЕ ДА ИНТЕРВЕНИРА!!!
СООБРАЌАЈКАТА КАЈ МАВРОВКА ЗАЕДНО СО НЕСПОСОБНАТА ДАНЕЛА АРСОВСКА ДЕНЕСКА НАПРАВИ ХАОС ВО ГРАДОТ, МВР МОРАШЕ ДА ИНТЕРВЕНИРА!!!
Обраќање на претседателот Пендаровски на форумот „Сиромаштијата на децата во Северна Македонија - примањата не се единствен фактор”
Обраќање на претседателот Пендаровски на форумот „Сиромаштијата на децата во Северна Македонија - примањата не се единствен фактор”
САД НЕМА ДА ДОЗВОЛАТ ВОЈНА ВО БОСНА - „Тоа нема да се случи. Тоа еднаш го кажав и ќе повторам: Нема да има војна во БиХ. Ова не е 1991 година“, изјави Ескобар во интервју за сараевската телевизија Н1, кое подетално ќе се емитува вечерва

АНГОВ: Главна цел ќе биде развој на еко- туризмот и Дојран да стане првата еко-туристичка дестинација во државата
АНГОВ: Главна цел ќе биде развој на еко- туризмот и Дојран да стане првата еко-туристичка дестинација во државата

ДРЖАВАТА НА ДЕЧКИВЕ ДА ИМ ДАДЕ ОРДЕН – ФОТО од драматично спасување | Пeт часа на раце носеле пациент по козји патеки во кратовско: Бараме системот да проработи и за овие луѓе!

Доктор Павле Зафиров, лекар од Итната помош, на својот Фејсбук профил раскажува за спасувањето на жител на кратовско село кој останал завеан на студот во близина на стадото, но со знаци на живот по што медицинската екипа и членови на семејството на човекот 5 часа го носеле на импровизирани носила низ соспите снег за да го префрлат до возилата и до болница.
Ви го пренесуваме неговиот статус:

„Пред неколку дена, добив повик за лице завеано во едно од најоддалечените планински места во Кратовската општина. Околу девет часот утрото заедно со медицински техничар и шофер, придружувани од сестрата, внукот и кумот на внукот на лицето, се упативме во планината. По поминати околу три-четириесетина километри возилата ни заглавија во соспите снег по што моравме да продолжиме пеш. После повеќе од час и половина одење низ екстремно стрмниот и непристапен терен, бидејќи патот до куќата не беше прооден, стигнавме до имотот на лицето.

Затековме трогателна ситуација. Лицето беше паднато на патеката која од неговата куќа води до трлото во кое одгледува значителен број овци кои во овој период од годината се јагнат и мораат да бидат проверувани секоја вечер. За некое чудо, лицето после поминати повеќе од 12 часа на поларна температура во снегот беше сеуште живо, за разлика од овцата која најверојатно имаше излезено да ја врати во трлото по јагнењето. Го имаше најдено неговата 90 годишна мајка која немајќи сила да го крене поминала цела ноќ покрај него обидувајќи се да го загрее, за да во утринските часови, иако не знае да ракува на телефон, успее да се јави на сопствената ќерка и да побара помош.

Го внесовме во куќата и му пруживме прва помош, но како што секогаш бива, една несреќа не оди сама. Сфатив дека ситуацијата е многу посериозна (иако и самото измрзнување е сериозна состојба која најчесто бара хоспитализација) и дека човекот очигледно има и некоја друга подлежечка состојба која треба да се испита во болнички услови.

Од тука почна нашата вистинска голгота. Поради непристапноста на теренот немавме можност (барем тогаш така мислев) да го однесеме човекот до нашиот џип. Решивме да се обратиме за помош кај сите институции во нашата општина. И замислете, секаде каде што се јавивме или пративме некого да праша ни беше речено дека не можат да ни помогнат. Противпожарната единица не можела, Центарот за управување со кризи не бил надлежен, колегите од ЗД Кратово се јавувале и во полициската станица но искрено не знам што им било речено, а од Општина Кратово и на личниот број на градоначалникот не не удостоија ни да ни кренат слушалка.

Оставени сами на себе и без никаква помош, ги прашав неговите роднини и медицинскиот техничар дали се спремни на раце да го изнесеме човекот до возилото, целосно свесен за ризикот во кој ги ставам нив и самиот себе и за одговорноста која ја преземам. Сепак, професијата не ми дозволува ни да помислам да не го транспортирам пациентот кој имал среќа да преживее на тој студ и снег.

Роднините најдоа колци и ќебиња од кои со свои раце зашивме носила, го замотавме во јамболии човекот и го поставивме на носилата и додатно го обезбедивме шиејќи ги однадвор ќебињата.
Ние четворицата околу 5 ЧАСА НА РАЦЕ ГО НОСЕВМЕ ПАЦИЕНТОТ ПО КОЗЈИ ПАТЕКИ, НИЗ ЕКСТРЕМНО СТРМЕН ПРЕДЕЛ И ШУМА НАМЕСТА ЗАТРУПАНИ СО СНЕГ, ПРЕКУ РЕКА И НИЗ УГОРНИЦА КОЈА РЕТКО КОЈ БИ СЕ ОСМЕЛИЛ ДА ЈА ПОМИНЕ И ПЕШ.

На крајот, накај 19 часот успеавме да стигнеме до возилата и околу 20 часот да го транспортираме пациентот во ЗД во Пробиштип каде дежурната екипа без збор и прашање го презеде пациентот и го однесе во Штип.

Доживеав 90 годишна мајка низ солзи и лелеци да не моли да го спасиме нејзиниот син носејќи го на грб по истите козји патеки по кои таа им носела храна на партизаните кои со крв ја изградиле денешната држава која не сакаше да му помогне на син и. Апсурдно, нели?

Затоа, јавно прашувам:

Стојанче Ангелов за што е надлежен Центар за управување со кризи? За кревање раце и раменици, седење по канцеларии и состаноци и проследување на информации?

Прочитајте и… ВИДЕО: Луда журка во популарниот Студењак, белградските студенти го слават својот ден со турбо музика, без маски
Љупчо Бојаџиев, за што се надлежни општинските претпријатија и градскиот татко ако не за да им бидат на услуга на граѓаните кога им се најпотребни? Или за садење цвеќиња, фарбање клупи, асвалтирање панорамски патишта и продавање празна слама и демагогии?

Почитувани

Зоран Заев, Венко Филипче, Оливер Спасовски, Ви се обраќам не како експоненти на политичка пратија, туку како луѓе кои моментално се носители на фунции кои можеби можат да направат некоја разлика.

Јас, а се надевам и мнозинство на граѓани и граѓанки на оваа беспоштедно сурова Република, кои го читаат ова, НЕ САКАМ, ТУКУ БАРАМ ОДГОВОРНОСТ ЗА КОНКРЕТНИОТ СЛУЧАЈ И ОЧЕКУВАМ КОНЕЧНО ДА ПОЧНАТ ДА СЕ ПОЧИТУВААТ НЕКОИ ПРАВИЛА, ПРИНЦИПИ И СТАНДАРДИ.

Го пишувам ова испровоциран од инертноста на институциите и нивниот однос, но и од нечовечноста на луѓето вработени во нив, надвор од секаков дневно-политички контекст, знаејќи дека ќе испровоцирам реакции кои најверојатно негативно ќе се одразат на мене, но веќе искрено не ми е гајле.

На крај, да одговорам на прашањето. Човечкиот живот за некои од нас нема цена, а за некои не вреди воопшто.

loading...

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub) Episode Full

dubbed anime Dragon Ball (Dub)

Attack on Titan Season 3 Episode 10

My Hero Academia Season 2 (Dub) Episode 24

The World's Finest Assassin Gets Reincarnated in Another World as an Aristocrat Episode 4 - Uncen