Заев од Росоман: Гласајте за бројот 12, за Стојан Николов за Општина Росоман да остане прогресивна, обединета, европска и економски развиена
Заев од Росоман: Гласајте за бројот 12, за Стојан Николов за Општина Росоман да остане прогресивна, обединета, европска и економски развиена
БОМБА НА ПЕТРОВСКА: И сопругот на Данела има бугарска лична карта!
БОМБА НА ПЕТРОВСКА: И сопругот на Данела има бугарска лична карта!
(ВИДЕО) СДСМ КУМАНОВО: Гласот за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ, да се обединиме да гласаме за 12, за Оливер Илиевски
(ВИДЕО) СДСМ КУМАНОВО: Гласот за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ, да се обединиме да гласаме за 12, за Оливер Илиевски
НИКОЛА ДИМИТРОВ СО ИСКРЕНА И СЕСРДНА ПОДДРШКА ЗА ПЕТРЕ ВО НЕДЕЛА - ЌЕ ГЛАСАМ ЗА НЕГО СО ЧИСТА СОВЕСТ!
НИКОЛА ДИМИТРОВ СО ИСКРЕНА И СЕСРДНА ПОДДРШКА ЗА ПЕТРЕ ВО НЕДЕЛА - ЌЕ ГЛАСАМ ЗА НЕГО СО ЧИСТА СОВЕСТ!
Заев: Да не дозволиме да скршенеме од патот на напредокот, да гласаме за број 12 за победа во Демир Капија, за победа низ целата држава
Заев: Да не дозволиме да скршенеме од патот на напредокот, да гласаме за број 12 за победа во Демир Капија, за победа низ целата држава
ШИЛЕГОВ: ВО МОМЕНТОВ СКОПЈЕ РАБОТИ НА ТРИ НАЈСЛОЖЕНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ВО СВОЈАТА ИСТОРИЈА
ШИЛЕГОВ: ВО МОМЕНТОВ СКОПЈЕ РАБОТИ НА ТРИ НАЈСЛОЖЕНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ВО СВОЈАТА ИСТОРИЈА
ШИЛЕГОВ ГИ ПОДДРЖУВА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ КОИ ВМРО-ДПМНЕ ГИ ДЕГРАДИРАШЕ
ШИЛЕГОВ ГИ ПОДДРЖУВА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ КОИ ВМРО-ДПМНЕ ГИ ДЕГРАДИРАШЕ
БОМБА НА ЏАФЕРОСКИ: ОБЕЗБЕДИВ 30 милиони странска инвестиција во Општина Долнени
БОМБА НА ЏАФЕРОСКИ: ОБЕЗБЕДИВ 30 милиони странска инвестиција во Општина Долнени

ДРЖАВНА ПРОГРАМА ЗА ИЛИНДЕН: Џафери со цвеќе кај Ченто, Заев во Пелинце, Груби во Крушево, а Пендаровски на Мечкин Камен

Македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија утре ќе го празнуваат 2 Август – Денот на Републиката. Ден со кој на Илинден во 1903 година – со Илинденското востание и Крушевската република, а потоа и на вториот Илинден, во 1944 година со АСНОМ – Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија, беа поставени столбовите на Републиката и на државноста.

Како што соопштија од владината прес-служба, годинешното одбележување на најголемиот државен празник се совпаѓа со значајните годишнини: 30 години од независноста и 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Одбележувањето на празникот ќе започне со настаните во Скопје, во организација на Собранието на Република Македонија со почеток во 09:00 часот.

Собраниската делегација, која ќе ја предводи претседателот на Собранието Талат Џафери ќе положи цвеќе на спомениците на Методија Андонов Ченто, на президиумот на АСНОМ и на Никола Карев. Програмата во Скопје потоа продолжува со обраќање на Џафери и со празнична културно-уметничка програма.

На Мечкин Камен, во Крушево со почеток во 18:00 часот ќе се одржи централната свеченост која ќе започне со полагање свежо цвеќе од претседателот Пендаровски и бројни делегации пред споменикот на Мечкин Камен. Во продолжение ќе следува културно-уметничка програма на која ќе настапат Ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“, Ансамблот на албански народни ора и песни во Република Северна Македонија, Влатко Стефановски и настап на воениот оркестар на Армијата. Во рамки на културно-уметничката програма, Никола Ристановски ќе одржи пригодна реч со пораки за Илинден.

Пред централната свеченост на Мечкин Камен, во 10:20 часот во Крушево, претседателот Пендаровски ќе присуствува на панихида за загинатите Илинденци во црквата „Св. Никола“, ќе положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев и ќе присуствува на програма подготвена од баталјонот за почести на Армијата пред споменикот „Македониум“. Претседателот Пендаровски ќе ги предводи делегациите на полагањето свежо цвеќе и на Споменикот на хероите на месноста „Слива“.

Централната свеченост по повод чествувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката на Мечкин Камен, како и одбележувањето на државниот празник пред споменичниот комплекс „Македониум“ ќе бидат пренесувани во живо на Јавниот сервис, како и на Facebook страницата и на YouTube каналот на Претседателот.

Делегации од Кабинетот на Претседателот ќе присуствувааат на чествувањата по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката во Скопје, Пелинце и во Смилево.

Во Скопје, делегација од Кабинетот на Претседателот ќе положи свежо цвеќе на споменикот на Методија Андонов – Ченто, на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“ и на споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Северна Македонија.

Во Пелинце, делегација од Кабинетот на Претседателот ќе положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ.

Во Смилево, делегација од Кабинетот на Претседателот ќе положи свежо цвеќе на споменикот на Даме Груев, на Могилата на Даме Груев, како и на Споменикот на смилевските илинденци и на Спомен-плочата на партизанскиот одред „Даме Груев“.

Владината делегација во Скопје ја предводи министерот за здравство Венко Филипче, заедно со министерката за образование и наука Мила Царовска и заменик-министерот за правда Агим Нухиу.

Државната празнична програма продолжува пред Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце, во чест на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија-АСНОМ со почеток во 09:45 часот. Делегацијата ќе ја предводи претседателот на Владата Зоран Заев, придружуван од првиот заменик-претседател во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Програмските содржини во Пелинце започнуваат со положување на свежо цвеќе на споменикот пред Меморијалниот центар, по што ќе започне првиот дел од пригодната празнична културно-уметничка програма. Потоа следува обраќање на Заев и завршниот дел од културно-уметничката програма.

Државните почести по повод Денот на Републиката во Крушево, во организација на претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски започнуваат со панихида во храмот Св.Никола, во 10:20 часот, по што ќе следува полагање цвеќе на гробот на Никола Карев, празнична програма пред споменичниот комплекс Македониум и полагање цвеќе на споменикот на хероите на Слива.

Владината делегација во овој дел од програмата ја сочинуваат министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерот за локална самоуправа Горан Милески, и заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани.

Централниот дел од државната програма за чествување на 2 Август – Денот на Републиката ќе започне во 18 часот на Мечкин Камен со поздрав на илинденската коњаница проследена со костимирана придружба, поздрав на АРМ и со полагање на цвеќе и венци на споменикот на Мечкин Камен, по што ќе следува празничната културно-уметничка програма посветена на двата Илиндена.

Владината делегација за централниот дел од настанот ќе ја предводи премиерот Зоран Заев, придружуван од првиот заменик-претседател во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Програмата за одбележување на Денот на Републиката и оваа година го опфаќа и традиционалното чествување на Илинден во Смилево во организација на Општина Демир Хисар. Програмските содржини во Смилево почнуваат со положување цвеќе на могилата Даме Груев, споменикот на Смилевските илинденци и спомен плочата на Смилевскиот партизански одред во девет часот, по што следува посета на Меморијалниот музеј и положување цвеќе на споменикот на Даме Груев.

Делегацијата на Владата на Република Македонија во Смилево ја предводи заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска, наведуваат од Владата.

loading...

Sound! Euphonium (https://animetv.cc/m/DQV) Episode 13

TwistMoe: Lupin III: Goodbye Partner anime episode Full online free at https://twistmoe.net anime online

Website https://animeflix.nl: Watch Izetta: The Last Witch animeflix Episode 12 danganronpa animeflix

Website https://animepahe.cc: Watch Hand Maid May animepahe Episode 10 anime streaming

Lovesolutions431 xobor: http://lovesolutions431.xobor.com/u2935_gogoanimelol.html

360cities: https://www.360cities.net/profile/kissanmiemx