Надградбата на коловозот кој поминува низ живописниот предел на Маврово и води до едно од најинспиративните места во државава, Галичник, е реализирана 90%.
Изведувањето на работите започна од село Галичник па продолжи надолу при што од предвидените средства во висина од 40 милиони денари реализирани се 35 милиони денари и надградено е 11 километри коловоз со просечна ширина од 4 метри.
Остана уште малку, поточно да се ограничи патот со раб, односно да се направат банкините долж патот.
Ви пренесуваме со слика дел од недопрената убавина на Галичник. 🙂
#МетарПоМетарКилометар! Километри што живот значат!