Кој не ги посетил населените места низ Општина Чашка не знае каква убавина дарила природата во овој крај.
Приказната за овој регион продолжува со завршената рехабилитација на 11-те километри од Голозинце до крстосницата Врановци. Покрај рехабилитацијата беше извршено и проширување на коловозот од 3 на 5 метри, односно 6 метри.
Вредноста на извршените градежни работи изнесуваше 50 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на ЈПДП.
#МетарПоМетарКилометар! Километри што живот значат!