Поранешниот економски советник на премиерот Зоран Заев за економски релации со државите од Бенелукс и Франција проследи писмо добиено од генералниот директор и претседател на Дуферко Холдинг во врска со неговиот ангажман од оваа позиција.
До
Г-дин. Александар Ружин
Советник за економски прашања
при Владата на Република Северна Македонија
Почитуван Г-дине Ружин, почитуван Александар,
Еве се наближува крајот на 2020 година, која беше многу тешка, непредвидлива и трагична година за целиот свет, Европа и Балканот. Ова е и период кога треба да сме сите солидарни и мислиме на нашите пријатели, во државата и странство. Ти ја знаеш мојата голема слабост и афинитет кон Северна Македонија и кон македонскиот народ како и поддршката на напорите што ги презеде Премиерот Заев, за јакнење на врските со Европската Унија и особено со Франција.
Сакам да ги поздравиш од мое име поранешниот зам-премиер Анѓушев, нашите пријатели Хари Костов и Илија Илоски од Комерцијална банка, и останатите претставници на бизнис-заедницата која ја запознав благодарение на твоите контакти каде остварив голем број средби.
На крајот на годината кога се прават билансите од нашето работење, констатиравме дека благодарение на овие контакти, со Макстил и ИГМ, ние го зголемивме откупот на нивните производи и тој достигна 1,6 милиони евра .
Затоа сакам да ти се се заблагодарам на сите напори, енергијата и упорноста што ги покажа како посредник помеѓу ДУФЕРКО и македонските компании. Се надевам дека нашата плодотворна соработка ќе продолжи непречено и во иднина. Голем поздрав до семејството.
Стефан Кот
Претседател Генерален Директор
Дуферко Морел Холдинг