Денеска лидерите на Алијанса, Алтернатива и ВМРО ДПМНЕ договориле политичка соработка, еден вид коалиција, еве што велат во заедничкото соопштение:
” Со цел што подобро да се артикулира опозицискиот глас, како и да се претстават најдобро интересите на сите граѓани на локално ниво, тројцата претседатели, истакнувајќи ги овие начела, се одлучија за взаемна соработка и поддршка на кандидати за градоначалници. Соработката подразбира дека споменатите партии нема да кандидираат градоначалници во одредени општини и ќе се поддржуваат меѓусебно, а во други општини ќе се натпреваруваат со сите други партии. “
Ова е политичко самоубиство на Села и Гаши, да коалицираш со партијата која ја кандидираше за претседател Сиљановска која целиот живот го посвети на тоа Албанците да останат граѓани од втор ред во земјава…
Да коалицираш со партијата која за малце ќе го убиеше Зијадин Села на 27-ми април само затоа што Албанец станал претседател на собрание и го плашеа народот со тиранска платформа?!?!
Да коалицираш со партијата која до последен момоент се бореше против влезот во НАТО, како ова Села и Гаши ќе им го објаснат на своите гласачи?!?!
Да коалицираш со партијата која до последен момент се бореше против законот за двојазичност?!?!